Грешки во готвењето што не ги забележувате, но прават голема разлика во вкусот
Ако го мешате оризот додека се вари, тогаш тој ќе почне да ослободува скроб, а токму ова го прави раскашавен.
Дали секојпат внимателно ги следите рецептите кога готвите, но скоро никогаш не сте задоволни од крајниот резултат?
Тогаш веројатно правите некои грешки кои лесно поминуваат незабележливо, но сепак прават огромна разлика во вкусот.
Дури и за готвењето постојат бројни митови кои можеби не се опасни, но сепак можат да го променат вкусот на храната.
Погледнете кои се најчестите грешки во готвењето што треба да ги избегнувате:
Готвите замрзнато месо
Иако е безбедно да го ставите месото во рерна и додека е замрзнато, многу подобро е прво да го размрзнете. На овој начин готвењето ќе трае пократко и месото ќе се испече порамномерно.
Затоа, кога сакате да правите месо, одвечер оставете го да се одмрзне.
Користите ист нож за сè
Постојат бројни видови ножеви, и тоа со причина. На пример, ножот со запци е најдобар за сечење леб, сатарот е одличен за месо, а помалите ножеви се совршени за сечење зеленчук и овошје.
Го мешате оризот додека се вари
Со мешањето, оризот ослободува скроб, а токму тоа го прави раскашавен.
Кога варите ориз најважно е да го погодите точното количество вода – околу една чаша за половина чаша ориз. Потоа ставете го на оган и оставете го да се свари и не го мешајте сè додека не е готов.
Го сечете месото веднаш штом го извадите од рерна
Препорачливо е да го оставите месото да отстои барем пет минути откако ќе го извадите од рерна. Ако станува збор за подебели парчиња, оставете го и 10-тина минути.
На овој начин месото ќе биде посочено и со подобар вкус.