3 намирници кои имаат моќ да го топат целулитот
Aко сакате да се ослободите од целулитот, борбата нема да биде лесна, но добар сојузник ќе ви бидат неколку здрави намирници кои дополнително ќе ви помогнат да остварите некаков резултат.
Покрај тренингот, правилниот избор на намирници може сериозно да го намали целулитот.
Секако, не може да очекувате дека само со консумирање на овие намирници целулитот ќе исчезне, бидејќи тоа е долг и напорен процес, но добро е да се обидете да придонесете на секој можен начин за топење на наслагите и целулитот.
Ова се 3 делотворни намирници кои треба да ги консумирате почесто:
1. Сладок компир
Полн со витамин Ц и Е, бета каротен и калиум, неговите коренести протеини се одличен антиоксиданс. Колку почесто се консумира, толку подобро ја регулира циркулацијата и исфрлањето на токсините од телото, што е клучно за намалување на целулитот.
2. Прокељ
Прокељот е одличен сојузник во борбата против целулитот, колку и да нема добар вкус. Гледајте да не го консумирате многу зачинет, солен или пржен.
3. Брокула
Брокулата е полна со витамин Ц и одличен извор на билни влакна. Честото консумирање помага против таложењето на наслаги, кои избиваат во облик на целулит.
М. Д. | Црнобело