Јагоди со оцет, пржени краставици – Необичен спој на вкусови од државите ширум светот
Сите сме си навикнати на нашата локална кујна, па традиционалните рецепти од другите држави можат да ни изгледаат многу чудно.
Но штом некој рецепт е доста популарен во некоја држава и се приготвува со години, па дури и векови, можеби вкусот и не е така лош, без разлика колку чудно ни изгледа.
А, ако имате храброст да пробувате нови и необични комбинации на вкусови, тогаш дајте им шанса на овие рецепти од државите ширум светот:
Јагоди со оцет
Италијанците сакаат да ги комбинираат јагодите со балсамико оцет, бидејќи интензивниот вкус на оцетот создава интересен контраст со слаткиот вкус на јагодите.
Месо и чоколадо
Мексиканскиот сос mole poblano се прави со пиперки, зачини и чоколадо или какао во прав. Најчесто сосот се комбинира со мисиркино или пилешко месо.
Колбаси со маршмелоу
Овој деликатес потекнува од Филипините и често се служи на детски роденденски забави.
Газиран пијалак со кондензирано млеко
Во Индонезија постои пијалак направен од кондензирано млеко и Fanta или друг газиран пијалак, а се додава и прелив од јагоди.
Слатки од компири
Овој рецепт потекнува од САД. Најпрво се печат компирите, а потоа се мешаат со шеќер во прав и се први тесто. Тестото се расукува, врз него се става путер од кикиритки, а потоа се прават ролнички, кои се оставаат да отстојат во фрижидер.