Млекото - најважен фактор во исхраната за сите возрасти
Во својот хемиски состав млекото има голем број состојки кои се неопходни за непречен процес на раст, развој и одржување на организмот.
После мајчиното млеко, тоа е првата и основна храна за многу мали деца, деца воопшто, а и за возрасни. Млекото е важен фактор во исхраната на старите лица, болните и оние кои се опоравуваат од болест. Тоа е единствената храна што може да храни човечко суштество (новороденче) неколку месеци без учество на друга храна, што не може ниедна друга природна храна.
Нутритивната и заштитна вредност на млекото и млечните производи произлегува од протеините со целосна биолошка вредност, од богатството и употребата на калциум, од витамините А, Д и Б комплекс. Протеините во млекото ги содржат сите потребни аминокиселини кои не може да се создадат во организмот, туку се внесуваат заедно со храната, а се потребни за раст, развој и регенерација на ткивата. Во процесите на организмот се користат речиси целосно, од 95 до 98%. Млекото лесно се вари и неговата маснотијата (путерот) е најлесно сварлива од сите други масти.
Млекото е најдобриот извор на калциум, чиј однос со фосфорот е најсоодветен, што овозможува висок процент на искористеност. Ниту една друга храна, дури и со поголема содржина на калциум, не го снабдува организмот полесно и повеќе со овој минерал. Тоа е од суштинско значење за осификација на коските и формирање на забите, заедно со витаминот Д. Оттука, млекото и млечните производи се неопходни за раст на децата, спречување на спонтани фрактури на коските кај постарите лица и за брзо и правилно заздравување на коските по фрактури. Само една чаша млеко обезбедува 16 проценти од дневната доза на протеини кои го градат и обновуваат мускулното ткиво.
Клучен во апсорпцијата на калциумот е витаминот Д, затоа денес одделни видови млека на пазарот се дополнително збогатени со овој витамин, како што е Свежото битолско млеко со Д3 витамин. Внесениот Д3 витамин во сооднос кој најмногу одговара, помага за подобра односно максимална апсорпција на калциумот од млекото.