Пресолената супа може да ја „спасите“ со компир - Кулинарски трикови коишто ќе посакате да сте ги знаеле порано
Спречете лепење на рендето
Сигурно сте забележале дека најтешко е кога се ренда кашкавал, бидејќи се лепи на рендето. За да го спречите ова само намачкајте го рендето со масло за готвење и нема никогаш да имате проблем со залепен кашкавал.
Одржете ги закуските ладни
Доколку сервирате ракчиња или туршија, не сакате да ризикувате да се стоплат додека стојат на масата. Ставете мраз во кеса што се затвора и прекријте ја со листови марула. Сервирајте ги закуските врз марулата.
Подобрете го вкусот на путерот
Што е подобро од путер и леб? Зачинет путер и леб. Само додадете лимонов сок и зачини на омекнато парче путер и замешајте го убаво, а потоа вратете го во фрижидер.
Додадете морков во киселиот сос
Морковите ја одземаат киселоста на доматите во сосот и додаваат суптилна блажина. Доколку забележите дека доматниот сос е премногу кисел, само додадете излупен морков да се вари во него, а пред сервирање извадете го и избегнете го додавањето шеќер во јадењата.
Испечете риба без нередот
Печењето риба завиткана во мрсна хартија за готвење е одличен начин да го намалите нередот и да добиете прекрасно парче со впиени вкусови од додатоците со коишто сте ја готвеле.
Подолготрајни зачини
За да се осигурате дека нема да ви овене магдоносот, ставете ги дршките во мала чаша со вода, а потоа ставете кесичка преку нив и заврзете ја околу чашата или фатете ја со ластиче.
Одличен вкус со помалку мрснотија
Доколку сакате домашни ќофтиња, но сметате дека се премногу мрсни, ставете ги на решетка во тавата и испечете ги во рерна.
Спасете ја пресолената супа
Следниот пат кога ќе ја пресолите супата, ставете во неа неколку резанки свежо јаболко или компир. Нека се вари така 10 минути, а потоа фрлете ги резанките и вкусот на супата ќе се врати во нормала.
(О)Милена | Црнобело