Храна и пијалаци што можат да го подобрат женското здравје
Куркумата помага во борбата против инфекции
Куркумата е најдобро истраженото медицинско растение и често се користи за разни заболувања.
Куркумата содржи моќни антиоксиданти и има силно антивоспалително дејство. Ова растение има и антигабични, антибактериски и антивирусни својства, па може да помогне и во третирањето на кандида.
Индиските ореви се одлични за мускулите
Индиските ореви се добар извор на минерали, особено магнезиум, калиум, фосфор, циник и селен. Покрај тоа, овој јаткаст плод содржи и железо, манган и бакар, кои се клучни за срцето и мускулите.
Најдоброто кај индиските ореви е што имаат многу помалку масти, за разлика од другите јаткасти плодови.
Киноата ги зајакнува фоликулите на влакната
Киноата е богата со протеини и хранливи влакна, па брзо заситува. Оние кои се хранат здраво ја консумираат често, а неретко ја користат и како замена за ориз.
Благодарение на протеините, киноата ги штити и храни фоликулите на влакната и го хидрира скалпот.
Храната богата со омега 3 масни киселини го намалува ризикот од срцеви заболувања
Постојат неколку намирници богати со омега 3 масни киселини, а најчестите се морските плодови како лосос, туна и сардина.
Овие намирници содржат неколку вида киселини, кои се одлични за женското здравје. На пример, помагаат во развојот на бебето во матката и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.
Можете да консумирате и други намирници во кои има додадено омега 3 масни киселини, како млеко, јогурт и пијалаци од соја.
Спирова С. | Црнобело