Храна и пијалаци што можат да го подобрат женското здравје
На женското тело му се потребни разни хранливи материи, па консумирањето на вистинските храна и пијалаци може да има добро влијание врз здравјето.
Според истражувањата, некои видови храна навистина можат да ви го подобрат здравјето, па дури и да спречат разни болести.
Во продолжение, погледнете ги храната и пијалаците што се најдобри за женското здравје:
Водата со лимон го заврзува метаболизмот и го поттикнува слабеењето
Лимоновата вода е клучна за дигестијата, бидејќи со стареењето, нивото на киселина во стомакот се намалува.
Од друга страна, лимоните се одлични за слабеење бидејќи ѝ даваат вкус на водата, но речиси и да немаат калории. А, веќе знаете изобилуваат со витамин Ц.
Лимоните ќе ви помогнат да се справите и со чувството на глад и ќе го прочистат црниот дроб.
Чајот од малини ги намалува менструалните болки
Чајот од малина е богат со витамини и минерали, кои се неопходни за женското тело. Овој пијалак содржи железо, калциум, калиум и витамини Б, А, Ц и Е.
Чајот од малина често го пијат и бремените жени, со цел да го олеснат и скратат породувањето. Исто докажано е дека овој чај е и одличен за ПМС, обилно крвавење и болни менструални грчеви.
Кога го правите чајот, секогаш можете да додадете и свежи малини, за посилен вкус.
Коренот од мака ги намалува симптомите на менопаузата
Маката има долга историја во медицината и кулинарството на Перу. Основниот дел од растението што се јаде е коренот, кој има неколку бои, а може да се најде и во прав.
За коренот од мака е познато дека ги ублажува симптомите на менопаузата, како што се променливо расположение и проблеми со спиењето. Исто така, чајот бил користен за плодност, подобрување на расположението и балансирање на хормоните.
Лесно можете да го вметнете коренот од мака во вашата исхрана и да го додавате во овесна каша, печива, смути и слично.
Брокулата ги намалува брчките
Брокулата може да ви помогне да решите многу здравствени проблеми.
Само 130 грама брокула содржи доволно витамини кои се потребни за производството на колаген. Колагенот, пак, ѝ ја дава еластичноста на кожата.
Брокулата е богата и со витамин А, кој помага во обновувањето на клетките на кожата.