Совети од професионалните готвачи - Грешки што треба да ги избегнувате при готвење
Валкани садови
Професионалните готвачи никогаш не прават хаос во кујната.
Пред да почнете со готвење, измијте ги садовите и направете место во кујната.
Микробранова печка
Речиси секој професионален готвач ја избегнува микробрановата печка.
Ако сакате да стоплите нешто, во тава загрејте малку масло, а потоа додајте го јадењето.
Иста даска за сечење за сè
Немојте да ги сечите сите намирници на иста даска, особено ако сечите свежо пилешко. На овој начин ќе се заштитите од бактерии.
Време на готвење
Професионалните готвачи знаат што се готви најдолго, па секогаш почнуваат од тоа.
Ако правите тестенини со печурки, прво ставете ги тестенините да се варат, а потоа почнете да ги сечите печурките.
Не ги читате рецептите до крај
Многу луѓе воопшто не ги дочитуваат рецептите пред да почнат со готвење. Овде не станува збор само за состојките, туку и за секој чекор од рецептот.
Ова е важно бидејќи само вака ќе се осигурите дека имате сè што ви е потребно.
Приготвување на рибата
Никогаш немојте однапред да ја спремате рибата. Исто така, немојте да ја загревате пред да ја послужите.
Најдобро е да ја послужите веднаш откако ќе ја приготвите.
Зачини
Ако ги додадете зачините на крајот, тогаш нема да го почувствувате нивниот вкус.
Додајте ги зачините додека ги пржите лукот или кромидот, и на крај додајте го месото и сè останато.
Сол
Немојте да претерувате со солта.
Секогаш кога додавате сол, промешајте, пробајте го јадењето, па дури потоа посолете уште, ако има потреба од тоа.
Припрема на состојките
Пред да почнете со готвење, припремете ги исечете ги сите состојки. На овој начин нема да брзате и нема да изгорите ништо.
Миење ножеви во машина за садови
Професионалните готвачи никогаш не ги мијат ножевите во машина за садови, бидејќи машината може да ги истапи.
Исто така, важно е редовно да ги острите ножевите.
Спирова С. | Црнобело