Најпопуларните пекари и слаткарници низ светот кои сите сакаме да ги посетиме

Секој патник добро знае дека по пристигнувањето на дестинацијата, првиот логичен чекор е да ги побарате специјалитетите што се достапни на локацијата. 

Ova se najpopularnite pekari i slatkarnici niz svetot sto sakame da gi posetime 01

Пекарите и слаткарниците се најчестиот избор за оние помалку „гастро-ориентирани“, особено ако уживате во кафе или чај во опуштена атмосфера. Постојат култни пекари и слаткарници во чии неодоливи фотки уживаме на Инстаграм.

Традиционалните специјалитети, колачи и десерти, прекрасно се вклопуваат во патописите на познатите блогери.

Ова се најпопуларните пекари и слаткарници низ светот што сакаме да ги посетиме:

Ladurée, Париз

Посетата на Париз не може да помине без посета на култната слаткарница Ladurée. Значењето на името и угледот што го ужива низ целиот свет е добро познато.

Слаткарницата ќе ја пронајдете на познатата Avenue des Champs-Élysées. Изгледот на слаткарницата нема да ве остави рамнодушни, а можеби ќе треба да чекате во ред за вашата нарачка.

Ova se najpopularnite pekari i slatkarnici niz svetot sto sakame da gi posetime 02

Conditorei Schober, Цирих

Швајцарскиот град Цирих е сигурно помеѓу најбараните дестинации за патување. Без разлика дали само поминувате или планирате подолг престој таму, не треба да ги пропуштите утринските колачи во популарната Conditorei Schober.

Нека не ве залажува големината на излогот, бидејќи зад стаклените врати се скриени сепареа, отворена тераса и многу повеќе. Познати се по топлото чоколадо што посетителите го нарачуваат во текот на целата година.

Ova se najpopularnite pekari i slatkarnici niz svetot sto sakame da gi posetime 03

Pastéis de Belém, Лисабон

Pastéis de Belém е најпознатата пекарница во Лисабон, со најразлични колачи. Овде нема да се грижите премногу за бонтонот, бидејќи ќе бидете премногу окупирани со уживање во секој залак.

Ova se najpopularnite pekari i slatkarnici niz svetot sto sakame da gi posetime 04

Demel, Виена

Австрија е позната по своите култни слаткарници и пекарници на секој агол. Виена е мултикултурен град кој на својата мапа на гастрономијата има најпознати пекари.

Една од нив е Демел. Убавиот ентериер ќе ве однесе назад во времето и ќе го оживее целиот гламур и шарм на градот, во кој славните личности во минатото уживале со чајни забави и дружење.

Ova se najpopularnite pekari i slatkarnici niz svetot sto sakame da gi posetime 05

Dominique Ansel Bakery, Њујорк

Сигурно сте слушнале за хибрид на кроасан и крофна. Токму ова е специјалитет на Dominique Ansel Bakery.

Мора да ве предупредиме дека редиците за вашиот омилен десерт се прилично долги, но чекањето ќе ви се исплати. Добра идеја е да нарачате неколку парчиња веднаш и да уживате во вашиот десерт додека шетате низ прекрасните улици на Њујорк.

Ova se najpopularnite pekari i slatkarnici niz svetot sto sakame da gi posetime 06

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Почетнички кулинарски грешки што ви ги уништуваат специјалитетите Дали знаете дека ако ставите премногу масло на калапот за торта таа ќе излезе из...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
Највкусните супи и манџи од земјите ширум светот што треба да ги пробате Македонскиот грав, но и турската чорба позната како mercimek … Која е вашата оми...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg