9 здрави ужинки кои лесно се сместуваат во фиоката од работното биро
Путер од јаткасти плодови
Путерот од јаткасти плодови, како од бадем или кикиритки, е одлична ужина за во канцеларија.
Можете да го комбинирате со јаболка или банана.
Здрави крекери
Можеби крекерите имаат лоша репутација, но ако ги комбинирате со путер од јаткасти плодови, хумус или некој сличен намаз, ќе добиете одлична ужина.
Пуканки
Доколку имате микробранова во канцеларијата, можете многу лесно да си направите пуканки. Во чинија ставете ¼ шолја пуканки, покриете ја со друга чинија и ставете ја во микробрановата печка 2 минути и 45 секунди.
За подобар вкус можете да им додадете куркума или сушен рузмарин.
Гранола
Гранолата со малку шеќер е одлична ужина што можете да ја чувате во фиока. Најдобро е што можете да ја јадете без никакви подготовки, или само да ја додадете во нешто друго.
На пример, можете да ја ставите во шолја млеко, или да ја додадете во салата.
Спирова С. | Црнобело