9 здрави ужинки кои лесно се сместуваат во фиоката од работното биро
Здравата ужина во текот на работниот ден е клучна доколку сакате да имате доволно енергија и концентрација.
Без разлика што треба да завршите денес, здравиот оброк ќе во помогне да ја зачувате вашата енергија, особено попладне кога заморот напаѓа најсилно.
Доколку немате идеја што би можеле да јадете на работа, погледнете ги овие предлози за ужина што можете да ја чувате во работната маса.
Семиња
Семињата се одличен извор на протеини, а истовремено е навистина лесно да ги чувате без да направите неред.
Можете да јадете само семиња, или да ги додадете во тост, јогурт или овесна каша. Одличен избор се семињата од сончоглед и чиа.
Обични овесни снегулки
Овесните снегулки не се само за појадок, туку можат да бидат и богата ужина. Кога во зима ќе сакате нешто топло, сосема доволно е да прелиете шолја овесни снегулки со топла вода и малку цимет.
Сирови јаткасти плодови
Сировите јаткасти плодови се одлични за во канцеларија бидејќи нема да се расипат, а содржат големо количество протеини и здрави масти.
Јаткастите плодови можете да ги комбинирате и со овесни снегулки.
Суво овошје
Сувото овошје ќе ви ја задоволи желбата за благо, а истовремено ќе ви помогне да го снабдите организмот со хранливи влакна.
Можете да комбинирате суво овошје со јаткасти плодови или семиња.