10 прехранбени продукти што можат да предизвикаат лоши соништа
Сите знаеме дека хорор филмовите, напнатите серии, лекарствата и стресот можат да предизвикаат кошмари. Но дали некогаш сте помислиле дека и храната може да има влијание врз вашите соништа?
Храната што ја консумирате може да има директно влијание врз вашето спиење и она што го сонувате. Па доколку не сакате лоши соништа, избегнувајте ги овие намирници навечер.
Лут сос
Според неодамнешните истражувања, овие гласини се сепак вистинити. Наводно, луѓето кои консумирале сос пред спиење имале тешкотии при заспивањето и имале стресни соништа.
Причината била тоа што лутата храна ја менува температурата на телото, што пак може да влијае врз соништата.
Колачиња и торта
Шеќерот може да предизвика дебелеење, болести на срцето, дијабетес, рак, но и кошмари. Во едно истражување, 31% од испитаниците кои консумирале колачиња и торти пред спиење имале бизарни соништа.
Овие благи намирници ги менуваат соништата во РЕМ фазата, па најдобро е да ги консумирате барем 6 часа пред спиење.
Прелив за салата
И преливите за салата можат да предизвикаат кошмари. Причината е што овие преливи најчесто содржат многу шеќери кои можат да ве држат будни или да го нарушат квалитетот на сонот.
Покрај преливите, и другите засладени сосови го имаат истиот ефект. Па, добро прочитајте што содржи преливот пред да го додадете во салатата.
Тестенини
Јаглехидратите се важен дел од исхраната. Сепак, доколку ги консумирате пред спиење, можат да предизвикаат проблеми. Причината е што телото ги претвора јаглехидратите во гликоза, вид шеќер, а како што веќе напоменавме, шеќерот предизвикува кошмари.