Појадокот е најважен оброк во денот и уште две најчести заблуди за исхраната

Нутриционизмот знае да нé збуни. Постојат многу теории, лажни информации и различни гледишта за тоа како да се јаде. Не е ни чудно што луѓето се изгубени, кога станува збор за она што треба да го направат за да изгубат (или да добијат) тежина.

Tri najvazni mitovi za hranata 01

Сите сте слушнале за овие три популарни митови за храната, но од каде потекнуваат истите и зошто не треба да веруваме во нив?

Повеќето истражувања за исхраната се засноваат на статистика. Иако статистиката може да биде корисна, генерално не дозволува да се утврди каузалност. Ова објаснува зошто научниците понекогаш не можат да се договорат околу некои резултати.

Податоците за исхраната секогаш ќе бидат нецелосни, додека не се изврши клиничко истражување.

Ова се три најпопуларни митови за храната:

1. Не е здраво да се јадат јајца

Еден од главните митови за храната е дека јајцата (особено жолчките) можат да предизвикаат многу проблеми.

Оваа идеја произлегува од верувањето дека консумирање на многу холестерол ќе влијае на нивото на лошиот холестерол во човечкото тело, што звучи логично.

Сепак, неодамнешните истражувања покажуваат дека јајцата не влијаат на нивото на холестерол во нашето тело.

Нашето тело ја произведува оваа супстанција четири пати повеќе отколку што можеме да изедеме во еден ден, така што јадење јајца нема да влијае на нашиот холестерол.

Tri najvazni mitovi za hranata 02

2. Мастите дебелеат

Другиот голем мит за храната е дека мастите дебелеат и влијаат на тежината. Ова верување се појави поради „пребројувањето на калории“.

Мастите имаат двојно повеќе калории од протеините и јаглехидратите. Затоа е логично да мислиме дека, ако сакаме да изгубиме на тежина, треба да јадеме помалку маснотии.

Неодамнешните истражувања покажуваат дека, во нормалните параметри, додавањето на вистинската количина на маснотии во вашата исхрана може да ви помогне да изгубите тежина.

Оваа супстанца е вклучена во голем број на основни процеси поврзани со слабеење, како што е производство на тестостерон, чувство на ситост и забрзување на базалниот метаболизам (брзина при која природно согоруваме калории).

Tri najvazni mitovi za hranata 03

3. Појадокот е најважниот оброк во денот

Иако ни е потребен, затоа што треба да внесуваме хранливи материи на почетокот на денот, вистината е дека не ни треба типичен западен појадок, кој вклучува житарки, многу јаглени хидрати или крекери.

Во овој случај, нашето тело страда од варијација на инсулин, што ни дава само краткотрајна енергија.

Најдобрата опција за појадок е храна која не содржи многу шеќери и храна богата со маснотии и протеини. Ако имавте голема вечера, појадокот можете да го прескокнете.

Tri najvazni mitovi za hranata 04

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јајца, путер - Како да откриете дали може да ја јадете храната што ви стои долго? Понекогаш, кога ќе го отворите фрижидерот или шкафчето во кое чувате храна, сфаќ...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
3 едноставни, но уникатни идеи за фарбање и декорирање јајца (видео) Мермерни јајца со лушпи од кромид или шарени јајца со сода бикарбона – креативни...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg