Едноставни кулинарски трикови кои ќе ви „спасат“ време и нерви
Ако готвењето не ви е задоволство, веројатно ви се потребни нови трикови кои ќе ви го олеснат процесот.
Кога имате техники на готвење и подготвување одредени јадења, времето поминато во кујна е пократко и без нервози.
Кулинарите секогаш споделуваат по некој совет како полесно да се справите во разни ситуации, а нивните трикови ќе ви бидат корисни.
Како времето во кујна да ви поминува без проблеми?
1. За полесно да го размачкате чоколадниот крем врз торта и да изгледа како да се „топи“, користете фен и кујнска шпатула.
2. Бобинките ќе останат подолго свежи ако ги држите 5 минути во мешавина од вода и оцет со сооднос 3:1. Потоа исушете ги и ставете ги во сад.
3. Ако сакате професионално да ги декорирате мафините, ставете парче чипка врз низ и наросете шеќер во прав одозгора, па тргнете ја ткаенината.
4. Маршмелоу во тегла со кафеав шеќер ќе помогне шеќерот да остане мек и ќе спречи да се уништи од влага.
5. За краевите од исечената торта да не се исушат, ставете парчиња леб и прицврстете ги со чачкалица, за тортата да остане мека.
6. Храната за рендање нема да се лепи ако претходно рендето го намачкате со масло.
7. Кога правите колачиња на стапчиња, наместо да се мислите каде да ги оставите додека се стврднат, ставете ги во дупчиња од цедалка.
М. М. | Црнобело