Ако ги варите тестенините додавајќи масло во водата, правите голема грешка

Доколку сте од оние кои ги варат тестенините со додавање на масло во водата, правите голема грешка. Солта е важна бидејќи го подобрува вкусот, но маслото може само да го расипе.

Ako-gi-varite-testeninite-dodavajki-maslo-vo-vodata-pravite-golema-greska-01.jpg

Покрај тоа, маслото не се раствора во вода, па верување дека на овој начин ќе го спречите лепењето на тестенините е само обичен мит. Она што ќе им помогне да го развијат вкусот е варењето во големо тенџере полно со вода, каде што ќе имаат доволно простор да се сварат.

Ова е тврдењето на искусен хрватски готвач од Загреб кој ќе ве убеди дека тестенините се варат исклучиво во зовриена, солена вода.

„Солта е важна со цел тестенините да не бидат блуткави, но маслото може да им го расипе вкусот“.

Тој додава дека сосот за тестенините се додава веднаш по варењето, додека се сè уште врели. Потребно е тестенините само да ги прецедите, но не и да ги премиете со ладна вода. Добро е да оставите малку од водата во којашто се вареле, бидејќи откако ќе го додадете сосот водичката која останалa ќе го подобри вкусот и ќе му помогне на сосот да се згусне благодарение на скробот кој го содржи во себе.

„Квалитетните тестенини нема да се лепат откако ќе се сварат. Но, важно е да ги варите во што поголемо тенџере, со што е можно повеќе вода“, дополнува професионалниот гастроном.

Додека тестенините се варат не заборавајте да ги промешате. Масло врз тестенините се додава само доколку истите ги консумирате подоцна. Но, и тука водата ќе ви биде од голема помош.

„Тестенините кои веќе сте ги свариле, а сакате да ги јадете наредниот ден може да ги ’освежите‘ на тој начин што ќе им додадете неколку капки масло, а потоа ќе ги ставите неколку секунди во врела вода. Потоа само прецедете ги“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 совети од нашите баби за крофните да не впиваат многу масло и да останат меки Со овие едноставни совети кои се пренесуваат со генерации, крофните веќе никогаш...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg