7 начини како да го намалите внесот на шеќер
Шеќерот е убедливо и апсолутно една од најлошите работи за вашето здравје. Се поврзува со безброј хронични состојби, а Светската здравствена организација препорачува внес на шеќер помалку од 10% дневно. Иако тоа се чини невозможно, со малку повеќе волја и напор ќе успеете да се решите од овој порок.
Гответе сами
Денес може да најдете шеќер во составот на речиси секој производ што го има по маркетите, и иако ќе треба малку да се помачите, ова е единствениот начин да се осигурате дека храната што ја внесувате не содржи шеќер.
Додајте малку помалку шеќер во вашето кафе или чај
Ќе ви биде потребно малку време да се прилагодите на помалку или воопшто шеќер, но половина лажичка наместо цела во вашето кафе или чај е одличен начин да почнете од некаде. Постојат и неколку видови природни засладувачи кои исто така се одлична алтернатива за белиот шеќер.
Прескокнете ја храната со малку маснотии
Иако мислите дека исхраната со ниски маснотии е паметен избор, но не е многу од помош ако се обидувате да го намалите внесот на шеќер. Одредена храна со помала содржина на масти е всушност полна со шеќер. Според The Telegraph, одредена храна со ниска масленост всушност содржи повеќе шеќер од истата храна со полна масленост.
Научете да го читате составот на производите
Да знаете што треба да прочитате на амбалажата е многу ако се обидувате да го намалите внесот на шеќер, бидејќи шеќерот може да се наброи на етикетата во многу различни форми. Направете темелно истражување и научете да ги препознавате различните состојки кои се всушност шеќер.
Прескокнете го десертот или барем заменете го со нешто здраво
Ако сте љубители на благо, намалувањето на внесот на шеќер може да ви звучи страшно. Еден од наједноставните начини да го направите тоа е да го прескокнете десертот. Доколку тоа ви се чини како невозможна мисија, обидете се да го замените со здрава алтернатива, како на пример парче овошје, барем неколку дена во неделата.
Променете го појадокот
Житарици и јогурт може да бидат извор на тони скриен шеќер, па еден начин да се обидете да го намалите малку е да направите промена во вашиот вообичаен појадок. Поздрава опција се јајца кои се полни со протеини и ќе ве држат сити подолго.
Соковите заменете ги со вода
Ако пиете многу сокови, ова е лесен и прилично очигледен начин за намалување на шеќерот. Сепак, наместо да преминете на опции без шеќер, подобро да се префрлате директно на вода. Според Healthline, потребни се повеќе истражувања за да се утврди дали диеталните сокови се навистина штетни за вашето здравје, но водата секогаш ќе биде подобар избор.
А. Ш. | Црнобело