Колку долго можете да го чувате месото во фрижидер или замрзнувач?
Складирањето на храната поттикнува многу прашања и грижи, особено кога станува збор за месните продукти.
Секој вид месо има свој рок на траење во фрижидерот и замрзнувачот, а во продолжение можете да дознаете нешто повеќе:
Сирова живина
Сировата живина во фрижидерот трае само еден или два дена, на температурата до 5 степени Целзиусови.
Во замрзнувач, на температура од -18 степени Целзиусови или пониска, месото може да трае и цела година.
Готвеното месо од живина може да стои во фрижидер неколку денови, а може да се замрзне за 2 до 6 месеци.
Црвено месо и свинско
Црвеното месо и свинското траат во фрижидер и до 5 дена. Доколку ги замрзнете, можете да ги чувате и во период од 12 месеци.
Останатото готвено месо е добро за јадење 3 до 4 дена во фрижидер, а 2 до 6 месеци во замрзнувач.
Мелено месо
Меленото месо, како говедско, телешко, свинско или пилешко, може да се чува во фрижидер еден или два дена.
Доколку го замрзнете, меленото месо ќе трае 3 до 4 месеци.
Виршли и салама
Доколку се неотворени, виршлите и саламите можат да траат и до две недели во фрижидер. Откако ќе ги отворите, најдобро е да ги консумирате во рок од 3 до 5 дена.
Во замрзнувач, овие месни производи траат од 1 до 2 месеци.
Сланина и колбаси
Сланината може да стои во фрижидер една недела, а колбасите околу 2 дена.
И едното и другото можат да се замрзнат и да се чуваат околу еден месец, а некои колбаси се чуваат и до два месеци во замрзнувач.
Спирова С. | Црнобело