Видови храна што ја прочистуваат крвта
Добрата циркулација и здравата крвна слика се неопходни за добрата здравствена состојба на организмот, a токму крвните клетки се оние кои ги разнесуваат хранливите материи низ телото.
Здравјето на крвта и крвотокот многу зависи од хранат што ја консумирате, па погледнете кои видови храна можат да ви помогнат во прочистувањето на вашата крв.
Храна богата со железо
Храната богата со железо помага во создавањето на хемоглобинот. Ова е соединение кое помага при апсорбирањето на кислородот во телото и го разнесува кислородот до клетките.
Недостатокот од железо е проблем со којшто се сочуваат помеѓу 500 милиони и 2 милијарди луѓе.
Иако најчестиот извор на железо е храна од животинско потекло, можете да го консумирате и преку растителни намирници како бадеми, леќа, соја и овесни снегулки.
Малку заситени масти
Храната која го регулира нивото на холестерол исто е важна за здравјето за кардиоваскуларниот систем. За да ја подобрите состојбата на крвта, консумирајте месо со малку масти, како и млечни производи со ниска масленост.
Обидете се да ја избегнувате пржената храна и оброците богати со транс масти. Заситените масти заменете ги со незаситени омега 3 масни киселини, кои најмногу ги има во рибата, маслиновото масло и авокадото.
Сложени јаглехидрати
Исхраната со помалку рафиниран шеќер и преработени јаглехидрати ќе ѝ биде од корист на вашата крв, но и ќе помогне во дигестијата.
Високото ниво нa шеќер во крвта може да предизвика оксидација, која пак им штети нa молекулите и предизвикува воспалителни процеси во телото. Кога во крвта има премногу шеќер, тој се сврзува со крвните клетки и им штети.
Најдобро е да консумирате храна со низок гликемичен индекс, односно овошје, зеленчук, продукти од цело зрно и јаткасти плодови.
Протеини
Протеините се клучни за создавањето антитела во организмот. Протеинот кој се наоѓа во крвта, албумин, е заслужен за разнесување на молекулите и циркулацијата.
Квалитетното месо, рибата и млечните производи се богати со протеини кои содржат аминокиселини што овозможуваат правилна функција на организмот.
Спирова С. | Црнобело