12 погрешни начини на кои ја јадете храната секојдневно
Дали постои храна која ја сакате, но избегнувате да ја јадете само затоа што правите неред, комплицирано е да ја јадете и се растура?
Голема е веројатноста проблемот да не е во храната, туку во начинот на кој ја јадете.
Има многу работи кои ги правиме погрешно во секојдневието и за жал, го одбираме потешкиот начин.
За таа цел, собравме неколку трикови и „правила“ за тоа како се јадат одредени видови храна и додатоци.
Научете неколку нови начини со кои нема да имате нервоза додека јадете:
1. Ако такосите ви се кршат додека јадете и храната паѓа, замотајте ја со лист марула за да не направите хаос. или, направете ја на нов начин – замотајте ја во марула и наполнете ја со тортиља чипс.
2. Јадете го бургерот наопаку – поголемото лепче што е вообичаено одозгора, ќе може да апсорбира повеќе течности отколку она што вообичаено е долу.
3. Ако јадете американски палачинки со јаворов сируп или некој сличен прелив одозгора, направете дупка во средина и неколку пресечени линии, за преливот да може да се распореди и на другите палачинки одоздола.
4. Направете си коцки мраз од кафе наместо од вода, за ладното кафе да ви биде појако наместо разредено со вода.
5. Ако ви дадат кечап во чашка како на сликата лево, правилен начин е да ја отворите целосно како на десната слика за кечапот да се распореди и максимално да го искористите.
6. Ако јадете колачиња или бисквити потопени во млеко, наместо да ги валкате чашите и колачињата да ви пропаѓаат во нив, исечете еден празен дел од пакувањето и искористете го за млеко.
7. Наместо да валкате садови, кесичката од пуканките како на десната слика и послужете си ја така.
8. Наместо да се мачите при отворање на секој ф’стак и да си ги уништувате прстите и ноктите, искористете една лушпа од претходно отворените, за полесно отворање на сите останати.
9. Наместо да ја сечете лубеницата на стариот познат начин, може само да ја пресечете на половина и потоа да пресечете коцки како на десната фотографија – така ќе направите помалку неред.
10. За да не ја јадете цела сланина од сендвичот со еден залак, преклопете ги парчињата едно врз друго како на десната фотографија.
11. За да не ви се крши лепчето при мачкање крем, џем или путер, користете лажичка наместо нож.
12. Наполнете го дното на корнетот со чоколадо или маршмелоу за да се прави помалку неред.
Бонус:
- Страничните делови од пакувањата на сокчињата со цевка, сепак имале цел...
- Исто така и дупката на отворачот од лименките...
М. М. | Црнобело