Кулинарска терапија - 5 Инстаграм профили за инспирација во кујната
Иако не важи за „мејнстрим терапија“, кулинарството има голем терапевтски потенцијал. Психологијата вели дека се работи за многу моќно искуство кога создавате нешто во знак на грижа за себеси и останатите.
Во едно неодамнешно истражување научниците докажале дека луѓето кои практикуваат кулинарство покрај редовната психотерапија, полесно се справиле со загуба на сакана личност и ги спречиле можните компликации кои би настанале во таква ситуација.
Друго истражување, пак, спроведено меѓу адолесценти, покажало дека оние кои рекреативно готват се ментално постабилни и помалку склони на депресија, а се верува и дека готвењето може да помогне при состојби со нарушена исхрана и аутизам.
Ова се повеќе од доволно причини да се упатите кон кујната, а ако немате идеја од каде да почнете, подолу следат 5 исклучително инспиративни Инстаграм профили.
Од ситни колачи, преку крцкав и вкусен леб до извонредно декорирани пити - сигурно ќе најдете нешто по ваш вкус.
Претворете ја вашата кујна во место за релаксација и полнење на батериите.
@lokokitchen
@katie_clova
@theboywhobakes
@joythebaker
https://www.instagram.com/p/BuUP3KhArzn/
@sourdough_nouveau
А. Ш. | Црнобело