Квалитетната исхрана не мора да биде скапа - Совети како да се храните здраво и евтино
Здравата и квалитетната исхрана не мора да биде скапа. Кога се обидуваме да подготвиме храна дома, често во продавниците трошиме повеќе пари отколку што планираме.
Сепак, нема оправдување за нездравото хранење, бидејќи постојат начини да купувате здрава храна без да потрошите цело богатство.
Ова се неколку совети како да јадете здраво и евтино:
1. Купувајте сезонско овошје и зеленчук, бидејќи се поевтини, а потоа замрзнете ги за подоцна да можете повторно да ги користите кога нема да им биде сезона.
2. Креирајте го ручекот според зеленчукот што го купувате.
3. Инвестирајте во стаклени тегли во кои ќе ја чувате храната. Освен што ќе го сочувате квалитетот, секогаш ќе имате предвид колкава количина имате и ќе знаете дали ви фали за да не купувате залудно.
4. Сезонското овошје и зеленчукот купувајте ги на пазарите, каде што обично се поевтини отколку во големите продавници.
5. Не купувајте веќе исечено овошје и зеленчук - тоа ја зголемува цената. Подгответе ја храната сами.
6. Пред купувањето испланирајте ги оброците и составете листа на намирници.
7. Користете колку што е можно повеќе јајца. Тие се здрави, евтини, а вклучени се во голем број рецепти.
8. Наместо да купувате ладни сокови можете самите да си подгответе ладен чај или лимонада со природни состојки.
9. Некои зачини, како магдонос, босилек и мајоран, можете да ги растете во домашната градина.
10. Големите попусти се секогаш поевтина опција, но не купувајте количини кои нема да ги потрошите.
Ашера | Црнобело