Идеи за сервирање на најбрзиот десерт за ненајавени гости (фото)
Доколку сте од оние кои никогаш не сакаат да бидат неподготвени, веројатно паничите кога ќе ви се најават неочекувано гости во последен момент.
Но, со добра организација и креативност, никогаш нема да се засрамите пред гостите.
Еден од најбрзите десерти, ако може така да се нарече, бара состојки кој секој ги има дома, а во секое време може и да импровизирате.
Потребен ви е пудинг или какао и потребните состојки за да си подготвите топло чоколадо, кои ќе ги сервирате во стаклена чаша или декоративна тегла.
Останатото го препуштаме на вашата имагинација – дали ќе направите чоколаден пудинг во слоеви со мелени бисквити, или слоеви чоколаден и ванила пудинг.
Дали врвот ќе го декорирате со маршмелоус, рендано чоколадо, многу шлаг, па дури и колачиња врз нив – изборот е ваш, а може да употребите буквално сè што ќе ви се најде во кујна.
Неколку идеи како да го сервирате најбрзиот десерт:
М. М. | Црнобело