Како најлесно да го вметнете чиа семето во секојдневната исхрана?
Супи, варива, мармалади - чиа семето оди добро во комбинација и со благи, и со солени јадења, па навистина е лесно да го вметнете во исхраната.
Чиа семето е права ризница на нутриенти. Tоа e значаен извор на омега-3 масни киселини, богато е со хранливи влакна, протеини, аминокиселини, антиоксиданти и содржи цел спектар на микронутриенти меѓу кои калциум, Б витамини, цинк...
Чиа семето е погодно за здравјето затоа што во системот за варење го забавува разградувањето на јалгехидратите и ги спречува наглите осцилации на шеќер во крвта.
Се препорачува и за оние кои страдаат од кардиоваскуларни болести и хипертензија, а може да биде корисно и за спортистите.
Како најлесно да го вметнете ова семе во секојдневната исхрана?
Чиа напиток
Веројатно наједноставниот и најбрзиот начин да го вметнете чиа семето во секојдневната исхрана е да го помешате со омилениот свежо цеден сок, со лимонада или со обична вода.
Чиа пудинг
Чиа пудинзите моментално се многу популарни затоа што може да консумираат за појадок или да послужат како здрав десерт.
Можат да се направат со разни видови млеко или одредени растителни напитоци, како што се млеко од ориз или овес.
Леб и колачи
Добрата вест е што чиа семето може да се искористи и како замена за јајца во многу рецепти. Може да пробате да направите чиа леб, мафини, кекси или палачинки со чиа семе.
Во салата
Ако сакате дополнително да ја збогатите својата салата за ручек, тогаш додајте една лажица чиа семе.