Чудни нешта што се случуваат во вашето тело кога подолг период јадете црвено месо
Црвеното месо отсекогаш важело за штетно за вас и вашето тело. Во последните години, луѓето кои здраво се хранат, целосно го исклучуваат од својата исхрана.
Кога се јаде црвено месо и месни преработки во сосема ограничени количини, нивното штетно влијание не е толку големо, како кога се основен дел од исхраната.
Доколку се правилно искомбинирани со други намирници и количините се значајно помали споредено со житариците и свежиот зеленчук, можете дури и да почувствувате бенефити од консумирањето црвено месо.
Но, како всушност влијаат саламите, куленот, сланината, колбасите и другите преработки врз вашето тело?
Го нарушуваат балансот на добрите бактерии во дигестивниот систем
Кога месните преработки се основна намирница, може да се случи да се намали т.н. диверзитет на микрофлората во вашето тело. Одржувајте го балансот со помош на свежа храна, житарици и млечни производи и со ограничени количини на црвено месо во исхраната.
Влијае врз имунитетот
Една од позитивните страни е што црвеното месо има високи концентрации на цинк, кој е еден од клучните нутритиенти за нашето здравје. Исто така, непроцесираното црвено месо содржи и витамин Б12.
Ги зајакнува косата, ноктите и кожата
Дека не е сè така црно, доказ е и фактот што во непроцесираното црвено месо има доволно железо и протеини кои го поттикнуваат растот на косата, а ноктите ги прават цврсти и некршливи. Постојат и наводи дека црвено месо можете да јадете при анемија. Важно е да не се претерува со количината, за корисните својства да не бидат потиснати од штетните.
Ги зајакнува мускулните влакна
Хранливите состојки од непроцесираното црвено месо помага да изградите цврсти и силни мускули и да го негувате нивниот тонус. Тоа се должи на многуте протеини кои се содржат во парчето црвено месо.
Го зголемува ризикот од дигестивни канцери
Црвеното месо, без разлика дали е процесирано или не, претставува ризик за вашиот дигестивен систем, особено за колоректалниот дел. Јадењето црвено месо по три пати неделно го зголемува ризикот од рак на дебелото црево за 28%.
Е. Д. | Црнобело