Едноставни правила благодарение на кои полесно ќе воведете здрава исхрана
Одлуката да го смените начинот на исхрана е навистина важна и е голем пресврт во начинот на живеење и функционирање.
Најпрво, треба да бидете начисто со себе дека морате кон своето тело да се однесувате со грижа и почит кои ги заслужува. Затоа и треба да посветите особено внимание на „горивото“ кое му го давате, бидејќи колку поквалитетна храна, толку повеќе бенефити за вас и вашето тело ќе има новиот животен стил.
Секое тело има пет слоеви: физички, енергетски, ментално-емоционален, мудар и спиритуален. Надворешниот, односно физичкиот слој е тој кој треба да се одржи во здрава и функционална состојба, за да може сите останати делови од вас да функционираат во хармонија.
Затоа, имајте предвид дека храната е особено важна и за вториот, односно енергетскиот слој. Како што веќе наведовме, мора да му давате добро гориво за своето тело, за тоа да може да ви врати со својот максимален перформанс.
Планирањето на исхраната не треба да е тешка задача, особено кога се работи лично за вас и за вашите најсакани.
Замислете ја исхраната како семафор и продуктите групирани во црвено светло, жолто и зелено.
Во тоа ќе успеете со помош на следниве три трикови:
1. Зелено светло
Тука припаѓа храната која смеете да ја јадете и е здрава за вас. Главни во оваа група се свежото овошје и зеленчук. Многу е важно да ги јадете свежи, а не сушени или кандирани. Во свежа состојба се најмалку калорични и не губат од нутритиентите.
2. Жолто светло
Овие продукти не се штетни за вас, но треба да ги консумирате со внимание и во ограничени количини. Овде спаѓаат житариците, тестенините, јајцата, морската риба, семињата, оризот, интегралниот леб и јогуртот.
Продуктите во жолтата група се покалорични од претходните, но лесно може да се комбинираат со нив и заедно да создадат вкусен и здрав оброк.
3. Црвено светло
Кога се работи за оваа група на продукти, треба да размислите дали вреди да го полните своето тело со шеќери и празни калории. Тука спаѓаат колачите, бонбоните, мрсното месо, благите сокови и сувомеснатите производи. Не се откажувајте од нив, но не ги јадете ниту повеќе пати од еднаш до двапати неделно.
Исто така, читајте ги декларациите на производите кои ги купувате од маркет и особено избегнувајте ги оние кои содржат фруктозен пченкарен сируп, хидрогенизирани масти и вештачки вкусови и бои.
Е. Д. | Црнобело