Храна што треба да ја јадете пред да пиете алкохол
Лековите за мамурлук ни се добро познати, но тој може делумно да се спречи или да се олесни, доколку јадете одредени видови храна пред излегување за кое знаете дека ќе биде со пиење алкохол.
Бидете паметни и мислете еден ден однапред, за да ги избегнете непријатните последици од алкохолот, или пак барем малку да ги олесните.
Некои од намирниците на оваа листа навистина не очекувавте да се најдат на нејзе:
Хумус
Хумусот е богат со витамин Б, со аминокиселини, растителни влакна и зачини кои го подобруваат метаболизмот. Ако го комбинирате со свеж зеленчук, создавате одлична „подлога“ во стомакот за да го поднесете (разумниот) дел од алкохолот што ќе го испиете.
Лосос
Алкохолот ги „убива“ сите витамини од групата Б, па затоа треба да создадеме резерва од нив, доколку знаеме дека ќе пиеме алкохол. Витаминот Б-12 помага да ги задржите когнитивните способности дури и по 2-3 чашки алкохол.
Пилешко на скара
Алкохолот ви прави „скокови“ во нивото на шеќер во крвта. Пилешкото ќе помогне сето тоа да се стабилизира. Ако пиете алкохол во тек на ручек или вечера, изберете од менито пилешко месо, за свое добро.
Круши
Крушите и сокот направен од нив го редуцираат ефектот на алкохолот за 20%, бидејќи ви ја забрзуваат работата на целиот дигестивен систем. Така, добар дел од алкохолот само ќе помине низ вас, без да остави потешки последици.
Кисели краставички
Киселите краставички и општо, закиселениот зеленчук, содржат електролити и мала доза на пробиотик. Со тоа, ќе ги намалите потенцијални вртоглавици и главоболки. Изедете неколку краставички или доколку можете, испијте дел од течноста во која стојат. Ова може да го применувате и наредниот ден, за да го средите мамурлукот.
Е. Д. | Црнобело