Зеленчуци од кои ќе имате поголема корист ако се зготвени, а не свежи
На сите им е добро познато дека треба што почесто да консумираат зеленчук, а она што прво помислуваат сите е дека треба да се јаде свеж.
Но, додека некои зеленчуци навистина треба да се јадат свежи, други имаат поголеми здравствени бенефити кога се зготвени, или пак, организмот полесно ги вари.
Па така, иако доматот на пример, има многу бенефити кога се јаде свеж, сепак додека се готват, испуштаат повеќе антиоксиданти кои се одлични за здравјето.
Во продолжение, погледнете кои зеленчуци треба прво да ги зготвите наместо да ги јадете свежи:
Многумина јадат свеж кељ измешано во салата без да им пречи, но доколку се јаде свеж може да предизвика и проблеми кои влијаат негативно на метаболизмот.
Доматите имаат здравствени бенефити кога се јадат свежи, но кога се готвени, тие испуштаат повеќе ликопен – антиоксидант кој помага против рак, а и телото полесно ги апсорбира сите хранливи состојки.
Зависно од тоа каков го купувате, пред да го јадете треба да биде добро исцеден и сварен, бидејќи во спротивно може да ви создаде непријатно чувство со нагони за повраќање и дијареа.
Доколку ги јадете овие зеленчуци незготвени, може да предизвикаат дигестивни проблеми, па затоа е подобро да се зготват, плус, така испуштаат состојки кои се борат против канцерогените клетки.
Зготвените моркови испуштаат антиоксиданти кои помагаат за целокупната функција на имунитетот.
Бабурите се извор на многу хранливи состојки кои имаат бенефит како и да ги јадете, но ако ги зготвите, телото полесно ќе апсорбира повеќе витамини, но не претерувајте со топлината.
Веројатно никој не го јаде овој зеленчук свеж, но во случај да сте помислиле, подобро не пробувајте, бидејќи може да ви предизвика подуеност и гасови, па подобро е малку да ги зготвите пред да ги јадете.
М. М. | Црнобело