Како со храната да си помогнете против анксиозноста?

Постојат одредени случаи кога храната или нејзиниот недостаток можат да бидат причина за појавата на анксиозноста.

kako-so-hranata-da-si-pomognete-protiv-anksioznosta-01.jpg

Она што влегува во нашето тело директно влијае и на физичкото и на менталното здравје. Многу доктори, наместо да препишуваат антидепресивни на своите пациенти, ги советуваат да се обидат со промени во исхраната.

Иако нутриционизмот не е дел од психијатријата, правилната исхрана со добриот пристап на лечење може да дадат одлични резултати кај лицата со анксиозност, промени во расположение, па дури и полесни облици на депресија.

Доколку се чувствувате повремено анксиозно, внесувајте од следниве хранливи состојки:

Магнезиум - помага личноста да се чувствува посмирено. Го има во зелениот листест зеленчук, целите житарици, семките и јатките.

kako-so-hranata-da-si-pomognete-protiv-anksioznosta-02.jpg

Цинк - храната богата со цинк ќе го подобри вашето расположение. Јадете жолчки, костени, џигер и телешко месо.

Омега 3 масни киселини - имаат докажано дејство во ефикасната борба со депресијата и анксиозноста. Нека вашата исхрана вклучува лосос, туна, сардини, чиа семки, ленено семе, ореви и соја.

Пробиотици - пијте доволно јогурт или кефир, а понекогаш дозволете си и закиселена храна, на пример краставички или зелка.

Витамините Б - тие се докажани подобрувачи на расположението, бидејќи ги контролираат нивоата на серотонин и допамин.

Антиоксиданси - ги има во сите видови грав, потоа во јаболките, црешите, сливите, јагодите, брусницата, па во оревите, во кељот, спанаќот, брокулата и цвеклото, а од зачините, во ѓумбирот и во куркумата.

kako-so-hranata-da-si-pomognete-protiv-anksioznosta-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
9 намирници што го поттикнуваат растот кај децата (и ја даваат потребната енергија) Мешунките, вклучувајќи грав, леќа и наут, се добар извор на протеини, железо и р...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg