Кои видови храна ве прават уште погладни?
Речиси на сите ни е познато чувството кога јадеме и јадеме, но никако не можеме да се заситиме.
Храната, иако е создадена за да не бидеме гладни, постојат намирници кои го имаат токму спротивниот ефект.
Можеби веќе сте забележале дека одредени намирници така влијаат врз вас. Но, никогаш не е доцна да научите што сè треба да избегнувате за да не се прејадете и пак да бидете гладни.
Помфрит
Вкусниот помфрит има култен статус во многу кујни, а на неговата крцкавост ретко кој може да одолее.
Може да се јадат како прилог на други јадења, најчесто месо. Но, кога ги јадете само нив, се преполнувате со скроб и калории кои не заситуваат.
Бели тестенини
Сигурно сте помислиле дека можете да го изедете целото тенџере, особено кога се послужени со некој вкусен сос. Но, држат ситост кратко откако ќе го изедете оброкот.
Белите тестенини ја покачуваат глукозата во крвта, поради што се чувствувате уште погладни.
Хот-дог
Една од најомилените брзи храни, која истовремено е и многу вкусна, но и тешка за дигестивниот систем.
Виршлата е преполна со сол, конзерванси и други емулгатори и адитиви, поради кои вашиот организам ќе бара да внесете нешто поконкретно и похранливо.
Е. Д. | Црнобело