Грицки кои можете да ги консумирате без грижа на совест

Иако можеби веќе сте се потрудиле околу здравиот и нутиритвен појадок и ручек, веќе е 17 часот и вие размислувате на некаква лесна ужинка. Прво што ви паѓа на памет се грицките...не одземаат време за подготовка, брзи се и лесни за конзумирање, а ќе ви ја заситат потребата нешто да вкусите.

gricki-koi-mozete-da-gi-konsumirate-bez-griza-na-sovest-001.jpg

Всушност многу од нас не се ни свесни за тоа колку само задоволство и бенефити може да им донесат здравите грицки.

Во летниот период ноќите се долги па имајте една листа на грицки што може да ги наречете добредојдени и без грижа на совест секогаш да им се навраќате:

1. Оризови галети

Една од ужинките на кои прво се сетивме се оризовите галети. Можеби на прва нема да ви звучат примамливо, но во комбинација со намаз од крем сирење вие добивате превкусна и идеална ужина. Нивната предност во летниот период е што не се расипуваат и имаат малку калории. Имајте предвид дека ова е ужинка исто така погодна за вашите најмали, па така заеднички можете да ги користите во текот на денот.

gricki-koi-mozete-da-gi-konsumirate-bez-griza-na-sovest-1.jpg

2. Микс од сушено овошје

Нема подобар начин да се задоволат потребите за шеќер од сушеното овошје. Бидејќи покрај природните шеќери тоа е богато со витамини и минерали како  што се: магнезиумот, железото, калиумот, минералните соли, натриумот, бета-каротенот, витамините Ц, Е, и антиоксиданси. Уште една позитивна карактеристика е дека го јакнат имунитетот и го намалуваат стресот. Затоа засладете се безгрижно со ваква закуска.

gricki-koi-mozete-da-gi-konsumirate-bez-griza-na-sovest-2.jpg

3. Јаткасти и зрнести плодови

Пивото никогаш не оди да го пиете „на гладно“... мешавината од бадеми, лешници, семки од тиква, сончоглед и соја се одлична комбинација за да ги проследите актуелните фудбалски наптревари! Семките од сончоглед и тиква се богати со омега-3 масни киселини, што помагаат да се зачува влажноста на кожата и го спречуваат нејзиното сушење, ја зголемуваат нејзината еластичност и цврстина. Додека јаткастите плодови изобилуваат со здрави маснотии кои претставуваат храна за мозокот и срцето.

4. Микс коктел (печена соја, сончоглед и семки од тиква)

Печената соја е одлична солена ужина. Оваа здрава ужина богата со протеин од соја и растителни влакна содржи ниско ниво на калории, што дава чувство на ситост. Крцкава текстура ви овозможува да го доживеете задоволството од грицкање на храна.

А за семките од тиква, нема сомнеж! Луѓето ги користат повеќе од 3000 години во исхраната. Грицкајте семки од тиква за јакнење на имунитетот, за подобрување на расположението и намалување на стресот.

gricki-koi-mozete-da-gi-konsumirate-bez-griza-na-sovest-3.jpg

Се надеваме со предлозите ви помогнавме да ја поттикнете вашата фантазија и да согледате дека оддржувањето на баласот и не е толку тешка задача. За полесна организација здравата линија на производи на Макпрогрес „Натура“ го овозможува тоа преку практичните пакувања на овие здрави грицки кои може да ви бидат на дофат во било кој време од денот.

И како совет за ова лето ви препорачуваме да јадете помалку масна и калорична храна и да вежбате повеќе. Пронајдете ја активноста во која најмногу уживате, јадете помали оброци што ќе се состојат од гореопишаните видови на храна, одмарајте, пијте доволно вода, бидете трпеливи и упорни и резултатите ќе бидат видливи.

gricki-koi-mozete-da-gi-konsumirate-bez-griza-na-sovest-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
Идеи за здрави и вкусни мезиња кои изгледаат неодоливо (може да ги служите и за гости) Ако ви треба идеја за вкусни мезиња и замена за грицки во доцните часови – сигур...
Храна која треба да ја избегувате во лето – предизвикува да се потите повеќе Секогаш кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува. Колк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg