Храна која ќе се изненадите дека можете да ја чувате во замрзнувачот
Од брашно до кашкавал и јаткасти плодови, дали некогаш ви паднало на ум да ги замрзнете овие продукти?
Нема ништо пофрустрирачко од тоа да дојдете дома од работа со план што вкусно да приготвите денес и да видите дека половина од продуктите се расипале.
За да не ви се случува ова замрзнувачот е одличен трик.
Во него може да ставите низа продукти за кои можеби никогаш не сте помислиле дека може да бидат замрзнати:
Кромид
Цел или исечкан, складиран во соодветен пластичен сад, може да стои и до 6 месеци во замрзнувачот.
Јајца
Верувале или не, сировите јајца може да опстанат во фрижидерот и до 12 месеци, само ако по вадењето од него ги користите веднаш.
Кашкавал
Кашкавалот може да ви стои во замрзнувачот и до 6 месеци и потоа со него слободно да си направите пица.
Кокосово млеко
Го испивте само половина? Другата половина складирајте ја во замрзнувачот до 3 месеци.
Зелен зеленчук
Спанаќот, аспарагусот и други зеленчуци од овој тип можете да ги чувате во замрзнувачот до 6 месеци.
Сланина
Сланината чувајте ја смрзната до 3 месеци, а потоа направете пица или вкусен омлет со неа.
Јаткасти плодови
Изненадувачки, но и јаткастите плодови можете да ги чувате во замрзнувачот до 6 месеци.
Брашно
Сигурно никогаш не помисливте да замрзнете брашно, но вака тоа ќе остане свежо подолго отколку на полица, плус во него нема да се појават никакви инсекти.
За да нема промена по вадењето од замрзнувачот прво нека постои на собна температура, па потоа гответе со него.
С. С. | Црнобело