За „вечно гладните“: Храна која ќе ви го намали апетитот, без да накачите килограми
Сите посакуваат да можат да јадат што сакаат кога ќе посакаат, без да се чувствуваат виновно дека може да му наштетат на здравјето или пак тоа да влијае на тежината.
Колку и да сакаме да кажеме дека постои лесен начин за тоа, не постои.
Но затоа, за оние кои се вечно гладни, постојат типови храна кои се здраво и вкусно решение за заситување и избегнување на дебелеење.
Храна која ќе ви го намали апетитот, а нема да влијае на килограмите:
Црвена риба
Во неа има многу протеини и омега-3 масни киселини, а оваа комбинација на хранливи состојки ви овозможува енергија подолго време, плус помага при намалување на тежина, дијабетес и ризик од срцеви заболувања.
Авокадо
Авокадото е одличен извор на масни киселини, но и олеинска киселина која подолго ве држи заситени, па затоа подоцна не внесувате многу дополнителни калории.
Кафе
Кофеинот во кафето помага при согорување калории и плус го контролира апетитот.
Ако пиете кафе од 30 минути до 4 часа пред оброк, тоа ќе влијае на чувството на глад, а за да помага во слабеењето, препорачливи се 2 шолји на ден свежо варено кафе.
Кокосово масло
Масните киселини кои се содржат во ова масло се апсорбирани во телото на поинаков начин, кој создава позитивен ефект врз метаболизмот и помага при согорување калории и ослободување од масти околу стомакот. Плус, го намалува апетитот.
Јајца
Тие се хранлив извор на протеин кој помага да се чувствувате заситено, а истражувањата покажале дека оние кои наутро јадат јајца, во текот на денот консумираат помалку калории и полесно слабеат.
Чили пиперка
Состојките кои се содржат во чили пиперката помагаат за намалување апетит и горење калории, дури и ако ја консумирате во мали количини.
Спанаќ
Спанаќот има состојка која го зголемува нивото на хормонот кој ја регулира енергијата и чувството на глад.
Ѓумбир
Истражувањата покажале дека консумирањето ѓумбир секојдневно, може да помогне при слабеењето и го контролира нивото на хормонот задолжен за енергија што помага при намалување на апетитот.
М. М. | Црнобело