10 необични начини како да се ослободите од калориите без да вежбате
Кога не сте расположени за спорт, фрлете се на гледање хорор филм, многу бакнежи и темелно чистење на домот.
Сигурно кога ќе помислите на губење на килограми, на ум веднаш ви паѓа напорно вежбање и строги диети.
Но, постојат и попријатни начини за борба со килограмите. Овие методи ќе ви помогнат, но сепак не смеете да ја изоставите физичката активност.
Необични начини на согорување на калории:
Шопинг
Шопингот го изморува телото многу повеќе од што ви изгледа. Прво, ваквиот вид на пешачење трае најчесто многу подолго од еден или два часа, плус со вас ги носите ќесињата од тоа што сте го купиле, па тренирате и со тежина.
Шопинг од 3 часа е еднакво на 1 час на статичен велосипед, односно согорување на околу 500 калории.
Чистење
Секоја работа во домаќинството ќе ви биде попријатна ако имате на ум дека го тонирате вашето тело притоа. Половина час чистење во домот согорува 85 калории што е еднакво на 15 минути вежбање.
Но, кога правите генералка бројот на согорени калории е многу поголем.
Вино
Едно истражување тврди дека чаша црвено вино може да замени тренинг од еден час во теретаната. Причината за тоа се супстанциите во виното, кои ја забрзуваат работата на срцето и продуктивноста на мускулите.
Но запомнете, само една чаша.
Пеење
Пеењето активира различни групи мускули. За да согорите 100 калории треба да правите 15 минути склекови или да пеете еден час.
Одлична идеја е утринско туширање со песна или пак караоке во некој ноќен локал.
Спиење
Кога ќе го исклучите алармот наутро и ќе си кажете само уште 5 минути, му давате екстра време на вашето тело за да согори калории.
Уште подобро е ако спиете без облека, така метаболизмот ќе ви се забрза и ќе губите поголема количина на калории, поради тоа што телото се бори да ја одржи топлината.