Намирници кои треба да ги консумирате во пролет
Со топлите денови, освен желбата за шетање, доаѓа и мотивацијата за здрав и активен живот.
Во пролетните денови сакаме лесна храна, како и храна која секако, ќе нè „подготви“ за летото.
Но сепак, покрај таа причина, во пролет треба да се фокусирате повеќе на вашето тело, бидејќи е слабо од ладното време во зимата, недостатокот на сонце, како и недостатокот на движење во зимскиот период.
Па затоа, потребно ви е некое време да го зајакнете организмот и да почнете да консумирате храна која ќе ви помогне во тоа, а начинот на кој ќе ја внесете е ваш избор.
Можеби некои од овие намирници секако се наоѓаат на вашето мени, но доколку не е така, вметнете ги:
Артичока
Артичоката има многу лековити својства, а влијае многу позитивно за црниот дроб. Исто така игра улога и при детоксикацијата, како и во долговечноста.
Цвекло
Уште едно растение кое е одлично за црниот дроб. Содржи супстанца која има позитивно влијае врз детоксикацијата и ги намалува воспалителните процеси во телото.
Супа од коска/колаген
Можеби не ви звучи многу привлечно да јадете супа во топлите денови, но листата не може да помине без супа од коска.
Високото ниво на колаген кое се содржи во коските е одлично за вашата исхрана и игра голема улога во детоксикацијата.
Како замена, може да се користи колаген во прав, кој служи како додаток, а е исто така многу корисен за вашето тело.
Печурки
Иако можеби не ви изгледа така, печурките содржат голем број хранливи состојки кои не можат да се најдат во големи количини во другата храна.
Една од нив е многу ефективна за метаболизмот, односно за тироидната жлезда, а печурките исто така помагаат при детоксикација на дигестивниот тракт.
Сол
Иако на солта ретко се гледа како здрава состојка, сепак консумирањето во ограничени количини го снабдува телото со некои основни минерали.
Кога телото е под стрес, нивото на минерали се намалува, а солта го балансира тоа, но обидете се да користите морска, квалитетна сол.
М. М. | Црнобело