Трчање, велосипедизам, пилатес - што да јадете по тренингот?
По тренингот нашиот организам чувствува одредена потреба за храна или за надоместување на изгубените течности, заедно со минералите, во текот на вежбањето.
Иако, можеби изгледа збунувачки, на вашето тело му е потребна храна по вежбањето, па затоа никогаш не дозволувајте да останете гладни, за да избегнете непотребно исцрпување на организмот.
Во зависност од тоа што сте избрале да вежбате, различни се и намирниците што треба да ги консумирате:
Боровинките се добри по возење велосипед
Благодарение на витамините и минералите, ќе ве ослободат од напнатоста и малата болка во мускулите што се појавува по подолго возење велосипед.
Ананас по аеробик
Ананасот е природно антивоспалително средство кое многу ќе ви помогне да ја надополните изгубената енергија, но и да ја ослободите напнатоста на мускулите по напорното вежбање.
Грав по пливање
Гравот содржи калиум и растителни протеини кои помагаат на моторниот, но и на нервниот систем да ги контролираат рефлексните движења. Исто така, го потхрануваат и мускулното ткиво.
Млеко по јога
Комбинацијата од вода, електролити и протеини ќе ви помогне да ја надополните загубата на течности. За оние кои не го сакаат вкусот на кравјото, може да изберат бадемово млеко.
Зелен зеленчук по трчање
Спанаќ, кељ, блитва, брокула, сите овие зеленчуци се богати со калциум и магнезиум, па се идеално решение за грчевите во нозете што може да се појават по трчањето. Испијте и една чаша сок од лимон, за да ја подобрите апсорпцијата на железото.
С. У. | Црнобело