Храна која нутриционистите никогаш не ја јадат, па не би требало ниту вие
Генерално, советот на нутриционистите е дека треба да внесувате разновидна храна доколку сакате да ги сочувате здравјето и линијата. Сепак, и во најразновидната исхрана постои „црна листа“ на намирници.
Доколку треба да одберат неколку продукти кои никогаш не би ги консумирале, изборот би бил следен:
Хот дог
„Не е важно од какво месо е, едноставно месото е обработено и полно со натриум.“
Путер од кикирики со намалена масленост
„Маснотиите во путерот од кикирики се здрави, а нивното отстранување се врши со додавање на разни шеќери и адитиви.“
Алфредо сос врз тестенини
Алфредо сосот е комбинација од путер и многу пармезан, па затоа нутриционистите велат дека е „срцев удар сервиран во чинија.“
Маргарин
„Путерот е одлична замена, а за готвење – маслиново масло.“
Топен кашкавал
„Кашкавалот во кесички е индустриски преработен, неприроден производ кој има многу екстракти и хемикалии. Едвај содржи 50% вистински кашкавал.“
Црвено месо
„Црвеното месо е тесно поврзано со појавата на воспаленија, а и го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар.“
Мешани алкохолни пијалаци, коктели
„Имаат толку калории колку цел оброк, а не ви носат никаква корист и ситост.“
М. Д. | Црнобело