Зошто пицата е добар избор за појадок?
Љубителите на пица сигурно ќе се израдуваат кога ќе дознаат дека нивното омилено јадење всушност е корисно за појадок.
Обично, се препорачува појадокот да е богат со скроб, растителни влакна и протеини, поради што житариците и јајцата се најчест избор. Но, што е со пицата?
Секако, иако не е најздравиот оброк, нутриционисти се согласуваат дека е подобар од житарици, кои имаат вештачки додадени шеќери.
Едно парче пица содржи помалку шеќери од повеќето продукти што најчесто ги јадете за појадок. Мастите не се содржани во голема количина, а ќе внесете и доволно корисни јаглехидрати доколку не претерате, односно ако изедете најмногу две парчиња за појадок.
Благодарение на сирењето, кашкавалот и печурките, со пицата ќе внесете и јаглехидрати. Ситуацијата е уште подобра доколку има зеленчук на пицата, на пример домат, рукола, пиперка или кромид.
За разлика од ова, во житариците со млеко речиси и да нема доволно масти, ниту пак зеленчук.
Во просек, едно парче пица има иста енергетска вредност како и чинија со мусли со млеко.
С. У. | Црнобело