Зеленчук или морска риба: Изберете ја најдобрата храна за себе
Најголема грешка што ја правиме е слепото следење на општи препораки за исхрана и некогаш тоа може да влијае и на витата линија, но и на општата здравствена состојба.
Така, доколку на едни кафето им е пријатно за пиење, на други може да им предизвика стомачни тегоби или висок притисок.
Затоа, наместо да ги следите трендовите, најдобро е да изберете храна која е корисна за вас, но и која вашиот организам може да ја „свари“.
На пример, за подобра работа на мозокот помагаат зелените зеленчуци, но и морската риба, богата со корисни масти.
Во борбата против повишен шеќер во крвта ваши сојузници може да бидат циметот, спанаќот, блитвата, бадемите и цитрусните овошја. Секако, со ништо не смее да се претерува.
Антиоксидансите од боровинките, малините, јагодите и рибизлите помагаат во одржување на крвниот притисок во граници на нормалата, а слично делува и малку црно чоколадо.
За подобра работа на црниот дроб консумирајте моркови и зелен зеленчук.
Кога внесувате промени во вообичаената исхрана, бидете претпазливи, за да може навреме да забележите дали некој продукт ви одговара или не.
Следејќи ги овие упатства, создадете свое лично мени со коешто ќе успеете да ги искористите сите бенефиции од храната што ја консумирате.
С. У. | Црнобело