Што се служи на празничната трпеза за Нова година во земјите низ светот? (фото)
Од полнета мисирка до ракчиња и остриги, празничните традиции во земјите низ светот навистина се разликуваат.
Веќе е добро познато дека Нова Година во Македонија не може да помине без руска салата, кифлички и печено месо, но какви традиции има за овој празник во земјите низ светот?
Некои јадат морска храна, други сушено месо и уникатни десерти.
Од Непал до Мексико, еве како изгледаат празничните трпези низ светот:
Данска
Данците на маса традиционално служат гуска полнета со сушено овошје или печено свинско со компири и црвена зелка. За десерт оризова каша со желе и печени бадеми.
Непал
Слават во април со театарска изведба со музички инструменти. Се служи традиционална непалска храна „baht“ подготвенa од леќа, домати, кромид, ѓумбир, ориз и зачини.
Италија
Во Италија се служи свинско месо, обично со леќа, која е симбол на долговечноста. Месото го дели на парчиња газдата на домот со неговите раце.
Мексико
Како и секогаш, и за Нова година во Мексико се служи зачинета храна. Тие служат „ romeritos“, чии главни состојки се ракчиња и компири, потоа полнета мисирка, пченка, грав и колачиња.
Англија
Традиционално се служи полнета мисирка со гарнир од зеленчук и пудинг за десерт. Пред сервирањето пудингот се полева со рум и се пали.
Виетнам
Во Виетнам Нова година се слави со традиционална трпеза со ориз и месо. Се прават чудни комбинации како свинско месо во кокосово млеко или пита со лисја од бамбус и микс на ориз и месо.
Франција
Француската трпеза не може да се замисли без традиционалните остриги, сирења и, се разбира, француско вино.