Свеж морков, тиква без лушпа - Храна која досега погрешно сме ја јаделе
Благодарение на интернетот, полека но сигурно, за многу работи се уверуваме дека досега сме ги правеле погрешно.
Па, така ова важи и за храната и за начинот на кој ја јадеме и подготвуваме.
На пример, дали знаете дека морковот е подобро да го ставите цел во јадењето отколку да го сецкате?
Сигурно има уште многу работи кои досега не сте ги слушнале.
Прочитајте кои се тие:
Млади компири
Сите корисни состојки на компирот, како железо, фосфор и витамин Ц, се содржат во лушпата, па затоа подобро е да се јадат со неа. Но, ако видите дека компирот почнува да зеленее, тогаш избегнете да ја јадете лушпата.
Киви
Секако, тешко е и речиси незамисливо да јадете киви со лушпа, но така ќе внесете 3 пати повеќе антиоксиданси, а состојките во лушпата помагаат и во борба против стафилокока и ешерихија коли.
Моркови
Морковот е многу подобро да се јаде сварен отколку свеж, бидејќи така се позастапени важните состојки кои ги содржи и му помагаат на видот и кожата. Затоа, сварете си цел морков и комбинирајте го со повеќе јадења.
Модар патлиџан
За време на процесот на печење, концентрацијата на калиум се зголемува, а нитратите и нитритите се сушат.
Зелка
Кога се вари, каротенот и антиксидансите од зелката се губат, а во киселата свежа зелка содржината на витаминот Ц се зголемува за 3 пати повеќе.
Домати
Да, можеби ќе се изгуби дел од концентрацијата на витамин Ц, но ќе се зголеми ликопенот. Тој не само што ја дава црвената боја на доматите, туку е многу моќен антиоксиданс кој помага во спречување на кардиоваскуларни заболувања и воспаленија.
Тиква
Во лушпата на тиквата има многу повеќе минерали и потребни влакна, како и витамин Ц.
М. М. | Црнобело