9 здрави јадења кои добро ќе ве заситат и ќе го победат гладот
Генералниот принцип е дека треба да имаме 3 главни добро избалансирани оброци во текот на денот на еднакви растојанија и 2 здрави ужинки, со вкупен внес на калории кој одговара на нашите дневни потреби, согласно возраста, тежината и физичката активност.
Сепак, понекогаш се забораваме и јадеме еден голем оброк кој сметаме дека многу ќе нé засити или можеби половина чоколадо за кое сме убедени дека ќе ни го убие апетитот на подолг временски рок.
Но, вистината е многу поинаква. Всушност, сé зависи од комбинирањето на намирниците. Секако, треба да внимавате и на количината која ја јадете, но првенствено добрите здрави и хранливи оброци ќе ве заситат подолго и ќе се чувствувате поенергични и посвежи.
Ви предлагаме 9 оброци кои треба да ги вметнете во исхраната коишто со мали модификации во составот кои ќе направат голема разлика:
Паста со песто
Некако сите го одбегнуваме лебот и тестенините за појадок, но доколку не можете да им одолеете, згответе си порција паста наутро. Интегралните полнозрнести тестенини бавно ќе се разложуваат и апсорбираат, што значи дека ќе ви обезбедат многу енергија во текот на денот.
Додадете лажица песто, чедар кашкавал и полна рака јаткасти производи по избор за моќен енергетски ефект.
Фалафел ќотфиња
Пржените ќофтиња од наут и зачини, помешани со лук, кромид, магдонос и ким се одлична замена за класичен протеин. Додадете ги во интегрално лепче со свеж зеленчук или лут сос и уживајте во егзотичниот орбок.
Млади печени компири со лушпа
Доколку сте од оние кои ги лупите младите компирчиња пред варење, пржење или печење, престанете да го правите тоа. Лушпата на младите компири е особено здрава и содржи полисахариди, цинк, железо и магнезиум. Сепак, најздраво е да ги консумирате печени.
Брауни колаче со темно чоколадо
За оние кои не можат без благо, сепак постои решение – тврдо „брауни“ колаче кое во сосавот задолжително треба да има јајца и темно чоколадо со над 70% какао. Не додавајте додатен шеќер, бидејќи тоа само ќе ви ја одземе енергијата.
Десерт со малини
Кој било десерт во комбинација со малини е одличен за заситување на гладот. Ќе ве држи сити околу 5 до 6 часа најмногу поради количеството на растителни влакна во малините, а витаминот Ц ќе му помогне на телото да го синтетизира протеинот одговорен за топење на масните наслаги.
Пуканки
Доколку не се приготвени со путер и ја избегнете солта, пуканките се одлична здрава ужина која добро ќе ве засити. Малку калории, а воедно се одликуваат и со одлични анти-карциногени својства.
Мини сендвичиња со козјо сирење
За разлика од другите меки сирења, козјото содржи минимално количество сол со чија помош ќе ја одбегнете дехидрираноста на телото. Ставете неколку парченца на интегрален леб и комбинирајте со свеж зеленчук.
Лут чили сос
Лутите зачини вообичаено ве држат сити подолг временски период, а истовремено се одлични за дигестивниот тракт. Воедно го топат вишокот масти, па доколку сакате и можете да јадете луто, не го одбегнувајте. Сепак, внимавајте на количината пиперчиња или лут сос и задолжително пијте многу вода.
Бонус: Силно црно кафе
Кафето содржи антиоксиданти кои се особено полесни за телото и одлично го сузбиваат апетитот. Но, внимавајте, бидејќи кафето ги губи овие квалитети доколку има додатен шеќер и/или млеко. За промена, додадете малку цимет за подобар вкус, а зачинот воедно одлично влијае врз намалување на апетитот и шеќерот во крвта.
(О)Милена | Црнобело