Кога треба, а кога не мора да внимавате на рокот на траење на храната?

Благодарение на модерните техники на пакување и големиот избор на различни типови „паметни“ фрижидери, храната може да трае прилично долго време, во споредба со минатото.

koga-treba-a-koga-ne-mora-da-vnimavate-na-rokot-na-traenje-na-hranata-01.jpg

Понекогаш не сме сигурни дали на некој производ му истекол рокот и дали и покрај тоа не е опасно да го искористиме. Но, не брзајте со фрлање на храната.

Еве кога морате да се држите до рокот на траење, а кога може да го занемарите барем за уште некое време:

Јајца

Јајцата обично траат од 3 до 5 недели откако ќе ги купиме. Ако не сте сигурни, добар трик за да проверите дали се безбедни е да ги ставите јајцата во сад со вода. Ако се кренат значи дека се стари.

Млеко

Генерално, млекото може да се пие една недела откако ќе му помине рокот, ако го чувате во фрижидер. Но, ако има чудна боја или мирис, веднаш фрлете го.

Најдобро е млекото да го чувате на полица во фрижидерот, а не странично на вратата бидејќи таму е изложено на варирање на температурата.

Кашкавал

Рокот на траење на кашкавалот зависи од тоа каков тип е. Ако забележите црвени или портокалови точки на кашкавалот, тоа е знак дека почнува да се расипува. Исечете ги тие делови и фрлете ги, а остатокот може да се јаде, но во рок од 1-2 недели.

koga-treba-a-koga-ne-mora-da-vnimavate-na-rokot-na-traenje-na-hranata-03.jpg

Месо

Сировото месо има строг рок на траење и тука нема отстапки. Свежото месо и риба може да се чуваат во фрижидер само неколку дена. Ако не ги подготвувате често, најдобро е да ги ставите во замрзнувач, каде може да стојат неколку месеци.

Храна во конзерва

Рокот на траење што го пишува на конзервираната храна може да се занемари. Чувајте ја конзервираната храна на суво и темно место и таму може да стои и до неколку години.

Тестенини

Рокот на траење на тестенините зависи од тоа дали се свежи или спакувани од продавници. Свежо подготвените тестенини траат 4-5 дена, со оглед на тоа што содржат јајца. Спакуваните тестенини се безбедни за јадење и по една година од рокот што го пишува. Најдобро е да ги чувате во добро затворен сад со капак.

koga-treba-a-koga-ne-mora-da-vnimavate-na-rokot-na-traenje-na-hranata-02.jpg

Леб

Чувањето на лебот во фрижидер, иако може малку да го исуши, го продолжува траењето кое инаку е околу една недела. Генерално, можете да го јадете сé додека не се појават траги од мувла на него. Лебот може и да се замрзне и да се јаде во текот на наредните 2-3 месеци.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Јајца, путер - Како да откриете дали може да ја јадете храната што ви стои долго? Понекогаш, кога ќе го отворите фрижидерот или шкафчето во кое чувате храна, сфаќ...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg