8 грешки поради кои палачинките не ви се погодуваат

Скоро и да нема некој што не сака палачинки. Тенки, дебели, благи или солени, палачинките се еден од омилените десерти на луѓето низ светот.

8-greshki-poradi-koi-palachinkite-ne-vi-se-pogoduvaat-001.jpg

При подготвување на палачинките постојат неколку работи на кои треба да внимавате, а често се грешат.

Еве кои се грешките поради кои не ви се погодуваат домашните палачинки и како да ги поправите:

Користите стар прашок за печиво или евтин путер

Основните состојки секогаш треба да бидат свежи и со добар квалитет. Ќесичката од прашокот за печиво не треба претходно да биде отворена. Што се однесува до путерот, секогаш купувајте квалитетен путер со кремаста текстура и светла боја.

Премногу ја мешате смесата

Ако многу долго ја мешате смесата за палачинки за да не останат грутчиња, се активира глутенот во брашното, поради што палачинките ќе бидат потврди. Грутчињата не се толку страшни – ќе ги снема во текот на пржењето. Најдобро е да користите метална маталка за мешање.

Смесата ја подготвувате претходно

Смесата за палачинки секогаш треба да ја подготвувате непосредно пред да ги пржите палачинките. Квасецот или прашокот за печиво се активираат веднаш штом се спојат со другите состојки, па ако ја оставите смесата подолго време, палачинките може да не бидат вкусни. Најдобро е да ја подготвите смесата, па да ја оставите 5 минути пред да почнете со пржење.

8-greshki-poradi-koi-palachinkite-ne-vi-se-pogoduvaat-03.jpg

Користите погрешно тавче

Тавчето е една од клучните работи за вкусни палачинки. Купете поскапо и поголемо тавче со проверен квалитет. Важно е површината да биде сосема рамна и да не е премногу леплива.

Палачинките ги вртите многу рано или често

Времето кога да ја свртите палачинката е многу важно – не треба да биде ни премногу рано, а ни премногу доцна. Палачинката треба да се сврти само еднаш, а вистинското време е кога тестото ќе почне да се одвојува од страните.

Готвите на погрешна температура

Ако тестото брзо потемнува и не се прават меурчиња, значи дека шпоретот е наместен на висока температура, а ако тестото останува бело и откако ќе се појават меурчиња, температурата е многу ниска. Најдете средина.

Ставате многу фил и разни додатоци

Не претерувајте со додатоци при филување на палачинките. Ставете крем и топка сладолед, или пудинг од ванила и сечкано овошје, но никако крем, пудинг, сладолед, чоколадни трошки и чоколаден прелив заедно.

8-greshki-poradi-koi-palachinkite-ne-vi-se-pogoduvaat-06.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...
Почетнички кулинарски грешки што ви ги уништуваат специјалитетите Дали знаете дека ако ставите премногу масло на калапот за торта таа ќе излезе из...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
8 (здрави) намирници со кои мора да бидете умерени – некои предизвикуваат труење Пиењето многу вода може да го разреди натриумот во крвта, додека јадењето само п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg