Која е разликата помеѓу џелато, сладолед, сорбе и гранита?
Во топлите денови сите помислуваме на слатко разладување со сладолед.
Но, што е сладолед, а што џелато? Џелато е сладолед по италијански рецепт, така? А тогаш, што е сорбе? А смрзнатиот пијалак што го пиеме на плажа?
Всушност, иако се многу слични, сепак постои разлика помеѓу овие смрзнати десерти. И секако, постојат различни варијации на секој од нив, во зависност од тоа во која земја се прават.
Џелато
Ова значи сладолед на италијански. Но, иако џелатото има слична основа како сладоледот, сепак смесата е погуста. Тоа е затоа што има помалку млечни масти и помалку е полнето со воздух за време на замрзнувањето.
Тоа значи дека не мора да изедете 3 огромни топки за да се насладите. Плус, џелатото се служи на малку потопла температура од обичниот сладолед, за да изгледа меко и сјајно.
Сладолед
Постојат неколку универзални правила за подготовка на ова слатко задоволство (но не мора да значи дека секаде се прави според нив). Сладоледот треба да содржи најмалку 10% млечни масти, да биде исполнет со воздух за време на смрзнувањето и секако, да има сладок вкус.
Без разлика од кој вкус е сладоледот, сите мора да содржат барем малку шеќер.
Сорбе
Има добра причина зошто добрите готвачи во кујна сакаат да служат малку сорбе пред десертот. Благодарение на киселата слаткост, одличен е за прочистување на непцата.
Смрзнатиот десерт е направен од овошје, вода и шеќер, без млечни производи. Одлична вест за веганите и оние кои се интолерантни на лактоза – овие слатки топки задоволство се само за вас.
Гранита
Ова е веќе добро познат полузамрзнат пијалак и тоа е веројатно првата разлика помеѓу него и претходните три кои не се пијалаци. Вообичаениот состав на овој замрзнат десерт е вода, шеќер и различни вкусови кои може да варираат - од свежи сокови, до алкохони пијалаци.
Има кристална текстура и поради различните техники за замрзнување, гранитата е различна од текстурата на сладоледите кои се покремасти или од сорбето што е посврзано.
М. М. | Црнобело