Зошто не треба да ги фрлате ливчињата на јагодите?

Сите мислат дека секое овошје има дел од него што не треба да го јадеме: семки од лубеница, лушпа од јаболко, кора од портокал, лушпа од банана, ливчиња од јагода и уште многу други...

zoshto-ne-treba-da-gi-frlate-livchinjata-na-jagodite-i-kako-mozhe-da-gi-iskoristite-01.jpg

Но, посебно љубителите на јагоди треба да го знаат ова – ливчињата од јагодата, не само што се безбедни за јадење, туку се здрави и вкусни.

Сепак, доколку ви е чудно да ги јадете цели, не мора да ги фрлате, туку искористете ги на друг начин.

Еве неколку идеи:

Изблендирајте ги во смути

Ставете ги цели јагоди и направете си смути со екстра витамини. Ливчињата содржат танин, што помага во варењето на храната.

zoshto-ne-treba-da-gi-frlate-livchinjata-na-jagodite-i-kako-mozhe-da-gi-iskoristite-02_copy.jpg 

Збогатете ја водата

Наместо да ги фрлате ливчињата, ставете неколку цели јагоди во вода и оставете да отстојат. Освежителниот овошен вкус ќе ви помогне да ја испиете потребната количина во текот денот за да останете хидрирани.

zoshto-ne-treba-da-gi-frlate-livchinjata-na-jagodite-i-kako-mozhe-da-gi-iskoristite-03.jpg

Додадете вкус на јагода во омилениот пијалак

Направете го алкохолот уште подобар со додавање вкус на јагода. Ставете неколку јагоди во омилениот пијалак (вотка, џин или рум) и оставете да отстои. Резултатот е сладок пијалак со розова боја!

zoshto-ne-treba-da-gi-frlate-livchinjata-na-jagodite-i-kako-mozhe-da-gi-iskoristite-04.jpg 

Нов вкус на салатите

Барате здрава алтернатива за дресинг во салатата? Ставете ги врвовите од јагодите да отстојат 1 час во оцет и ќе имате свежа салата со лесен вкус на јагода. Би пробале?

zoshto-ne-treba-da-gi-frlate-livchinjata-na-jagodite-i-kako-mozhe-da-gi-iskoristite-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Кулинарски трикови заради кои сите ќе мислат дека сте професионален готвач Понекогаш наместо сол потребно е да додадете сок од лимон, а компирот ставен во ...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...
Идеи за здрави и вкусни мезиња кои изгледаат неодоливо (може да ги служите и за гости) Ако ви треба идеја за вкусни мезиња и замена за грицки во доцните часови – сигур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg