Што можете да направите со презреаното овошје?
Храната дури и кога е презреана, не морате да ја фрлите, туку можете да ја употребите за нешто креативно.
Што да правите со презреаното овошје?
Неколку одлични идеи:
Храната дури и кога е презреана, не морате да ја фрлите, туку можете да ја употребите за нешто креативно.
Што да правите со презреаното овошје?
Неколку одлични идеи:
1. Измешајте ги крушите и бананите во стаклен сад со цимет и ставете ги во микробранова околу 5 минути. Брз и добар оброк за појадок.
2. Од презреаното овошје можете да направите коцки мраз. Само добро измешајте го и направете го како пире пред да го замрзнете.
3. Презреаното киви може да послужи како маринада за месо, бидејќи го содржи ензимот актинидин кој ги разградува протеините.
4. Наместо шеќер во смесата за палачинките додадете банани и боровинки.
5. Никогаш не го фрлајте авокадото - секогаш можете да го користите за чоколадни преливи. Добро измешајте го со растопено чоколадо и имате поздрав чоколаден прелив.
6. Бананите кои се потполно зрели можете да ги искористите и да направите леб со банана.
7. Презреаната круша испечена може да се јаде како чипс.
8. И како за крај, она што можете да го направите со било кое овошје е од него да направите смути.
Н. Г. | Црнобело