Кујнски тајни и трикови: Претворете го пудингот во мус, спасете го загорениот сос

Интересно е што овие тајни и трикови нема да ги пронајдете во ниту една книга за готвење, а ќе ви откријат како да го спасите изгореното јадење, како да ја исчистите загорената тава, па дури и како месото да го направите многу повкусно.

kujnski-tajni-i-trikovi-koi-mora-da-gi-znaete-01.jpg

1. Спречете го развојот на бактерии од млечните производи

За павлаката и киселото млеко да потраат подолго, превртете ја опаковката наопаку и така чувајте ја во фрижидер. Така ќе создадете еден вакуум кој го спречува развојот на бактерии.


2. Продолжете ја свежината на зеленчукот

Обложете го фрижидерот со хартија за да ја впие вишокот влага која предизвикува побрзо расипување на зеленчукот.


3. Проверете дали јајцата се свежи

Ова веројатно веќе го знаете, но вреди да го повторите. Свежите јајца потонуваат, а расипаните плутаат.

4. Како да не ви се стврдне кафеавиот шеќер?

Чувајте го во фрижидер во стаклен сад. А, ако веќе се стврднал, можете да го омекнете така што ќе го ставите во кеса со парче леб или јаболко, па цврсто ќе ја заврзете.

kujnski-tajni-i-trikovi-koi-mora-da-gi-znaete-02.jpg

5. Не дозволувајте солта да ви се стврдне

Ставете неколку зрна ориз во соларникот. Оризот ја апсорбира влагата која може да ја згрутчи солта.


6.Како сирењето и кашкавалот да останат подолго свежи?

Премачкајте ги рабовите со маргарин или путер и повторувајте ја постапката после секое пресечено парче.

kujnski-tajni-i-trikovi-koi-mora-da-gi-znaete-03.jpg

7. Како путерот да остане свеж?

Ако путерот е на попуст, слободно купете повеќе пакетчиња, затоа што можете да го чувате во замрзнувач и по 6 месеци. Само ставете го во вакумиран сад за да не прими мирис од другата храна.


8. Како шампањот да биде повторно пенлив?

Ставете зрно-две суво грозје во шампањот кој веќе не се пени. Природните шеќери ќе си ја завршат работата.


9. Претворете го пудингот во мус

Помешајте го пудингот од кесичка со слатка павлака наместо со вода или млеко, и ќе добиете прекрасен мус.

kujnski-tajni-i-trikovi-koi-mora-da-gi-znaete-04.jpg

10. Вратете ја бистрината на медот

Медот е единствената храна која не се расипува, па затоа не го фрлајте откако ќе се кристализира. Наместо тоа, загрејте ја теглата во топла вода додека не стане бистар.


11. Како да ја спасите пресолената супа?

Додајте неколку свежи компири и јаболка за да ја апсорбираат солта. Оставете ги 10тина минути, па извадете ги. Ако тоа не помага, додајте малку шеќер или јаболков оцет. Последна опција е супата да ја разредите со вода.


12. Како да го зготвите жилавото месо?

Жилавите парчиња месо маринирајте ги во барем една од следниве состојки - пиво, оцет или сок од домат, лимон, папаја или ананас. Овие течности содржат ензими и киселини кои го омекнуваат месото.

kujnski-tajni-i-trikovi-koi-mora-da-gi-znaete-05.jpg

13. Ослободете се од вишокот масти во супата

Ако супата е премасна, ставете ја во фрижидер половина час, а потоа отстранете го горниот слој, па дури потоа загрејте ја. Или ставете неколку коцки мраз во супата и отстранете ја маснотијата која ќе се залепи за нив. Можете да ставите и лист зелена салата и да почекате неколку минути додека ги впие мастите, па потоа да го извадите кога ќе омекне.


14. Што да правите со вкусот на загорено млеко?

Ако млекото ви претече и мириса на изгорено, додајте малку сол. Вкусот на изгорено ќе биде значително намален.


15. Забрзајте го зреењето на овошјето

За овошјето за созрее преку ноќ, ставете го во хартиена кеса со 1 јаболко. Јаболкото испушта гас етилен кој го забрзува процесот на зреење.


16. Спасете го загорениот сос

Ако сосот ви загори, а немате состојки да подготвите нов, измешајте 1 лажичка путер од кикирики во 1 шолја сос.

kujnski-tajni-i-trikovi-koi-mora-da-gi-znaete-06.jpg

17. Ослободете се од мирисите во пластичните садови

Единствено решение е да ги наполните со стуткани весници кои ќе ги впијат мирисите. Пред следното користење темелно измијте.


18. Како да ја спасите загорената тава?

Истурете сода бикарбона и 4-5 лажици сол. Потоа додајте вода додека да се покријат прашестите состојки, па оставете да отстои преку ноќ. Утредента измијте.


19. Исчистете го не’рѓосувачкиот челик

Алкохолот многу лесно ги чисти сите флеки од челикот. Ставете малку алкохол на памук и изрибајте ги проблематичните места.


20. Како да го исполирате бакарот?

Користете кечап. Само истурете малку и исполирајте.

kujnski-tajni-i-trikovi-koi-mora-da-gi-znaete-07.jpg

Би можело да ве интересира:

Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Лубеница, пченка - Како да ги складирате овошјето и зеленчукот за да бидат свежи подолго? Немојте да ги отстранувате листовите на пченката, а компирите најдобро чувајте г...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg