Сладок луксуз: 10 најскапи десерти во светот
Замислете си да го имате најлошиот ден и некој ви нуди луксузен пудинг со чоколадо и златни ливчиња... Тоа би било бесконечна среќа!
За жал, овие десерти им се достапни на оние со подлабок џеб, а вие само можете да си фантазирате каков вкус имаат колачињата вредни илјадници долари.
10. Bagel - Ова лепче слично на крофна се продава по цена од 1.000 американски долари, а неговата цена ја достигнала оваа висина заради кремот од сирење и бели тартуфи, во комбинација со желе од гоџи бобинки и додаток на парчиња злато.
9. Golden Opulence Sundae сладолед - Овој луксузен сладолед се послужува со лажица од 18 каратно злато, а ќе ве чини 1.000 долари. Купот од сладолед е изработен од најфиниот сладолед од ванила со парчиња ванила од мадагаскар и редок чоколаден вид од Венецуела. Сето тоа е замотано во 23-каратно злато во облик на лист. Купот е украсен од најскапата чоколада во светот, кандирано овошје, позлатени бадеми, чоколадни тартуфи и марципан вишни.
8. Haute Couture Macarons - Познатиот париски слаткар е познат по макарунс колачињата кои неретко ги изработува од балсамико оцет, црно вино, кикирики путер и слични нетипични намирници. Зависно од тоа од што се изработени, цената на макарунс колачињата со негов потпис може да порасне до 7.000 долари.
7. Fortress Stilt Fisherman Indulgence - Овој тајландски касато колач е зачинет со ирски крем и меко овошје. Се послужува со компот од манго и калинка, но и со најскапиот шампањ во светот. Јадењето е украсено со фигура од чоколадо, а како целина изгледа фантастично! Но, таква му е и цената - 14.500 долари за неколку залчиња.
6. Frozen Haute Chocolate - Овој неверојатен десерт е мешавина од 28 најскапи, егзотични како зрна. Чоколадата е финиширана со 23-каратно злато и се послужува во пехар од злато и нараквица од дијаманти. Самиот сладолед е украсен со шлаг, и тартуфи. Цена? Цели 25.000 долари.
5. Златни Cannoli - Позлатените каноли се подготвени во соработка на златара и пекара, и официјално се најскапиот облик на овој десерт. За цена од 26.000 долари овие каноли се изработени од рикота сирење, парчиња чоколадо, кандиран портокал и лимон, ореви и сето тоа спакувано во златен лист.
4. Чоколаден пудинг - Кога ќе си помислите на пудинг, ова не е она што прво ви паѓа на памет. Овој чоколаден пудинг е направен од 4 видови белгиски чоколади, украсен со златен кавијар и 2-каратен дијамант. За негово вкусување потребни ви се 35.000 долари и 4 недели претходна нарачка.
3. Three Twins сладолед - Овој органски сладолед достигнува цена од 60.000 долари само заради тоа што во себе содржи парчиња глечер од планината Килиманџаро, кој полека исчезнува. Сладоледот го има во неколку стотици вкусови, а со секое негово нарачување можете да добиете лет до Танзанија, ноќевање во хотел со 5 ѕвезди, ВИП планинска тура, сладолед во неограничени количини и маица од органски памук, со логото на сладоледот.
2. Јагоди Arnaud - Јагодите од 1.4 милиони долари се прелиени со комбинација од сладолед од ванила, сос од вино, шлаг и ментол. Покрај тоа, се служат со 5- каратен дијамантски прстен.
1. The Diamond Fruitcake - Конечно, најскапиот десерт кој чини 1.65 милиони долари. Всушност, оваа торта има сосем обичен вкус и е изработена од кандирано овошје, со таа разлика што е обложена со 233 дијаманти. За изработка на оваа торта се потребни околу 6 месеци.