Колку долго е безбедно да чувате зготвена храна во фрижидер (и како да познаете дали е расипана)?
Повеќето зготвени јадења можете да ги чувате во фрижидер до четири дена, но само ако се соодветно складирани.
Кога ќе ни остане зготвено јадење или нешто што сме нарачале, секако дека го ставаме во фрижидер и планираме да го изедеме во наредните неколку денови.
Со ова не само што се ослободуваме од правењето ручек или вечера, туку и заштедуваме бидејќи максимално ја користиме храната.
Сепак, треба да бидете внимателни кога чувате зготвена храна во фрижидер бидејќи поради термичката обработка, на некои продукти им се намалува рокот на траење.
А, ако изедете расипано јадење, можете да се соочиме со низа непријатни симптоми, како болки во стомакот, дијареја, па и труење од храна.
Колку траат дел од најчестите јадења во фрижидер?
- Зготвено свинско месо – три до четири дена
- Тврдо варени јајца – една недела
- Тестенини со сос – три до четири дена
- Тестенини без сос, само со масло – два дена
- Пица – три до четири дена
- Кинеска храна (како нудли) – три до четири дена
- Варен или печен ориз – три до четири дена
- Печено пилешко месо – три до четири дена
- Супа/манџа со зеленчук или месо – три до четири дена
- Суши со сирова риба – најмногу два дена
- Суши со готвена риба (или само со зеленчук) – до четири дена