Највкусните супи и манџи од земјите ширум светот што треба да ги пробате

Македонскиот грав, но и турската чорба позната како mercimek… Која е вашата омилена супа или манџа?

najvkusnite-supi-i-chorbi-od-zemjite-shirum-svetot-shto-treba-da-gi-probate-01.jpg

Супите и манџите се дел од секоја традиционална кујна.

И, иако основата на повеќето – како зеленчук и месо – може да биде иста, локалните зачини прават огромна разлика во вкусот.

Во продолжение, дел од највкусните супи и манџи од земјите ширум светот:

Vori-vori – Парагвај

Vori-vori е супа со месо, најчесто говедско или пилешко, кнедли од пченкарно брашно и кашкавал, како и зеленчуци.

Супата се зачинува со ловоров лист, каранфилче, магдонос, како и шафран.

Во Парагвај најпопуларна е во зимските месеци, а се служи топла, со рендан пармезан како прилог.

najvkusnite-supi-i-chorbi-od-zemjite-shirum-svetot-shto-treba-da-gi-probate-02_copy.JPG

Iekei ramen – Јапонија

Рамен се однесува на јапонска супа со нудли и има разни варијации.

За една од најдобрите се смета iekei ramen која се прави со нудли, свинско месо и соја сос.

Во супата се додаваат и алги, праз и спанаќ.

Некои Јапонци сакаат да додаваат и лук, сусам, бибер и скиселен зеленчук.

najvkusnite-supi-i-chorbi-od-zemjite-shirum-svetot-shto-treba-da-gi-probate-03.JPG

Soto Betawi – Индонезија

Ова е индонезиска супа со парчиња говедско месо кои се варат во кокосово млеко.

Се додаваат зачини како куркума и коријандер, а супата често се служи со додатоци како домати, млад кромид, соја сос и крекери.

najvkusnite-supi-i-chorbi-od-zemjite-shirum-svetot-shto-treba-da-gi-probate-04.JPG

Sopa Tarasca – Мексико

Ова е всушност чорба со грав кој се вари со домати и пилешки булјон кои потоа се блендираат.

На крај се додава и павлака, а се зачинува со суви или свежи чили пиперчиња.

najvkusnite-supi-i-chorbi-od-zemjite-shirum-svetot-shto-treba-da-gi-probate-05.JPG

Mercimek çorbası – Турција

Ова чорба, или крем-супа, направена со црвена леќа, пилешки булјон, кромид и моркови кои се варат, а потоа се блендираат.

Се зачинува со сол, бибер и пипер.

najvkusnite-supi-i-chorbi-od-zemjite-shirum-svetot-shto-treba-da-gi-probate-06.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Идеи за здрави и вкусни мезиња кои изгледаат неодоливо (може да ги служите и за гости) Ако ви треба идеја за вкусни мезиња и замена за грицки во доцните часови – сигур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg